Група Маестро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Група Маестро
Животописни податоци
ПотеклоСкопје, Македонија Македонија
Жанровинародна музика, поп-фолк музика
Период на активност2012 - сè уште
Мреж. местоgrupamaestro.mk

Група МАЕСТРО е музички состав од Скопје, основан во 2012 година, кој настапува на сите видови свечености и прослави: свадби, крштевки, родендени, веридби, матурски и апсолвентски вечери, деловни прослави и сл.

За Маестро[уреди | уреди извор]

Група МАЕСТРО интепретира македонски народни и новокомпонирани песни и ора, балканска народна и популарна музика, светски популарни хитови, како и класична и евергрин музика и е една од ретките во Македонија кои можат да ги задоволат сите музички вкусови со богатиот и разновиден репертоар. Група МАЕСТРО е редовен учесник на фестивалите за новокомпонирана македонска фолк-музика: Фолк Фест Валандово, Цветници, Фолк Фест Роса, Охрид Фест и др. како и дел од концертите на најпознатите музички имиња.

Членови[уреди | уреди извор]

Членови на овој музички состав се:

  • Илија Филиповски (виолина)
  • Александар Тренкоски (кларинет)
  • Војче Петрушев (хармоника)
  • Кирил Митоски (вокал)
  • Љупче Ѓоргиев (клавијатури, кавал и зурла)
  • Трајче Ристов (ударни инструменти и тапан)


Настапуваат и имааат одлична соработка со:

Дискографија[уреди | уреди извор]

Авторска музика и настапи на фестивали:

  • Отвори Јано пенџери Фолк Фест Роса 2012
  • Отров ти се усните Охрид Фест 2013
  • Горчи Фолк Фест Валандово 2015
  • Верувај ми Цветници 2016
  • Една наша Прилеп Фест 2022

Надворешни врски[уреди | уреди извор]