Графичка картичка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Надворешен изглед на графичка картичка

Графичката картичка која уште се нарекува и видео картичка или видео адаптер е уред во компјутерот чија задача е да генерира излезни слики на екранот.

Графичката картичка може да биде како посебна плочка која се става во слободните слотови на матичната плоча, а може и да биде вградена во самата матична плоча.

Некои графички картички покрај основната примена нудат можности како телевизиски приклучок, можност за приклучување на повеќе монитори, за снимање на видео и декодирање на различни видео формати.

Историја[уреди]

Историјата на видео картичките почнува во 1960-тите кога печатачот бил заменет со екран.

Првата графичка картичка на маркетот датира од 1981-ва година кога ИБМ го претстави својот прв компјутер. Картичката била монохроматска(еднобојна), подржувала 25x80 линии на екранот и имала само 4KB видео меморија. Следува доба на брзо развивање на графичките картички како во поглед на резолуцијата така и во поглед на бројот на бои и видео меморијата и веќе во 1989 биле произведени VGA(Video Graphics Adapter) картичките кои подржувале резолуција од 640x480 пиксели, разликувале 256 бои и имале меморија од 256KB. Веќе во 1995 биле произведени првите 3D графички картици развиени од Матрокс,АТИ,S3 и други. Во 1995 година и НВИДИА ја произведува првата графичка картичка, а денес заедно со АТИ се најголемите конкуренти на пазарот на видео картичките.

Составни делови[уреди]

Графичко-процесирачка единица[уреди]

Графичко-процесирачката единица е микропроцесор кој оптимизиран за графички пресметки и прикажувања. Неговата брзина обично се движи од 250 до 850MHz. Во последно време можат да се најдат картички со два или повеќе процесори или процесори со повеќе јадра.

Видео БИОС[уреди]

Видео БИОС-от содржи основна програма за комуникација на графичката картичка со другите уреди и со програмите. Тој исто така содржи информации за брзината на операциите на картичката, временскиот интервал за отчитување од меморијата како и потребниот напон низ деловите од картичката. Некои програмери го менуваат овој БИОС со цел за подобри перформанси наречено "overclocking" меѓутоа тоа е опасно и може да резултира со неповратно оштетување на картичката

Видео меморија[уреди]

Доколку графичката картичка е вградена на матичната плоча може да користи од РАМ Меморијата на системот, меќутоа доколку не е таа си има сопствена РАМ меморија наречена видео меморија. Меморијата на модерните картички варира од 32MB до 2GB. Во зависност од технологијата поновите картички користат ДДР,ДДР2,ГДДР3,ГДДР4 Рам Меморија, чијашто брзина варира од 166MHz па се до 2.4GHz кај поновите картички.

Да се напомене дека некои од вградените картички се хибридни т.е. имаат одреден дел своја меморија а друг дел користат од системската РАМ меморија. Во тој случај треба да имате доволно системска РАМ меморија за да не ви блокираат и кочат игрите кои имаат поголеми потреби од меморија.

Дигитално-Аналоген Конвертор на РАМ Меморијата[уреди]

Овој конвертор има функција дигиталните сигнали обработени од процесорот да ги претвори во аналогни кои ќе може да ги прикаже екранот. Кај овој конвертор е многу битна брзината на освежување на сликата. Најдобро е да работи со брзини над 75Hz а никако под 60Hz поради заморувањето на окото. Кај ЛЦД екраните оваа брзина не е проблем. Во поново време катодните монитори ги заменија ЛЦД и плазма екраните па бидејќи тие работаат во дигитален домен овој конвертот не е потребен.

Излезни порти[уреди]

Аналогна излезна порта со 15 пинови

Аналогните излезни порти датираат од 1980-тите години и до скоро беа најкористени порти. Меѓутоа имаат повеќе маани како создавањето на електрични пречки, растегнување на сликата како и грешки во интервалот на освежување




Дигитална излезна порта

Дигиталните порти масовно се употребуваат со пронаоѓањето на мониторите со рамен екран. Тие ги избегнуваат мааните што се појавуваат кај аналогните екрани.

Излезна порта за приклучок кон телевизор





На картичките се вградуваат и други порти кои служат за приклучување кон телевизор, кон ДВД, видео рекордери и слично.





Други видови на конекција[уреди]

Во зависност од моделот на картичката некои содржат најразлични конектори за поврзување со разни девизи од кои најчести се звучние конектори

Интерфејс со матичната плоча[уреди]

Размената на податоците на графичката картичка со матичната плоча е исто така битна работа. Во текот на развојот на картичката се користеле различни интерфејси за нивна размена. Еден од поновите интерфејси кој се употребуваше до скоро беше АГП портот кој е измислен во 1997 година со работна фреквенција од 66MHz и со магистрала од 32 бита. Овој порт има паралелен начина на размена на податоците. Најнов вид на порт кој се користи за посредник меѓу матичната плоча и графичката картичка е "PCI Express" портот кој почна со употреба во 2006 со дупла побрза размена од АГП слотот.

Уреди за ладење[уреди]

Графичката картичка користи многу струја при својата работа така што ако не се ослободуваме од создадената топлина и не ја ладиме картичката таа може мошне брзо да се прегрее и оштети. Најчесто се користат еден од трите вида на ладење:

  • Вентилациски отвор - Познат како пасивно ладење, овој уред нема движечки делови туку едноставно ја спроведува топлината од процесорот на графичката картичка до некој ладен медиум како воздух на пример. Неговата ефикасност зависиод неговата големина, неговата допирна површина, материјалот и формата. За да му се зголеми ефикасноста се комбинира со компјутерски вентилатор.
  • Компјутерски вентилатор - Слично како и обичните вентилатори го лади процесорот со мали перки кои што дуваат во него. Мааните му се што некогаш прегорува па мора да се замени, и истовремено создава бучава.
  • Воден уред - е нешто како вентилацискиот отвор но топлината ја пренесува до водата која се загрева, а загреаната вода се ослободува во воздухот односно испарува, или се лади па се враќа назад.

Приклучок за струја[уреди]

Со развојот на технологијата се зголемува и потребата на графичките картички од напојување што ја прави графичката бр.1 потрошувач на електрична енергија во компјутерот. Денес на пазарот се присутни и картички кои користат и до 150W моќност иако обичната потрошувачка им е околу 75W.

Производители на графички картички[уреди]

Прозиводители на вградени графички картички[уреди]

Производители на преносни графички картички[уреди]