Гордо Порече

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Гордо Порече“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина3:38 (Виданка Георгиева)
3:13 (Кале)

Гордо Поречемакедонска народна песна. Песната е посветена на областа Порече која во песната, некој родум од тој крај се потсетува на детските и младешките години проживеани во родното место. Песната има месно-патриотски карактер.

Текст[уреди | уреди извор]

Роде мој македонски,
бисер твој е Порече,
покрај Треска пенлива,
песната е најмила.

Родно наше Порече,
родно наше огниште,
покрај липи, капини,
чуваш детски спомени.

Поречани, пријатели,
мои мили роднини,
срце ми се стегнало,
за луди млади години.

Родно наше Порече,
родно наше огниште,
покрај липи, капини,
чуваш детски спомени.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]