Гордон Фримен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гордон Фримен

Гордон Фримен (англиски: Gordon Freeman) е измислен и главен лик во сериите на игри Half-Life. Тој е теоретски физичар кој се наоѓа во борба за прежувување против вонземјански и човечки сили. Низ сериите, Гордон мора да се снаоѓа сам во секакви опасни ситуации. Гордон како човек никогаш не збори, а во игрите нема отсечени сцени од играта и брифинг, сè се гледа од очите на Гордон. Исто така низ скоро цела игра Гордон е контролиран од страна на играчот.

Ликот е претставен теоретски физичар, кој работи во научната установа „Црна Меза“ (англ. Black Mesa Research Facility) и е вклучен во еден експеримент кој случајно отвора една интердимензионална порта, која внесува вонземјани во институцијата. Во првата Халф-Лајф, Гордон Фримен се бори со неговите колеги во институцјата против вонземјаните и против специјалците кој се пратени да ја уништат институцијата и да убијат секого во неа. Во Half-Life 2 Гордон е претставен некаде во Источна Европа години после случката во „Црна Меза“, заедно со „Алијансата“ (Combine), интердимензионална империја која ги преземала сите интердимензионални порти и имаат целосна контрола врз планета Земја. Гордон им се придружува на отпорот и заедно се борат за слобода.

Замисла и творба[уреди | уреди извор]

Името „Гордон Фримен“ го исмислил директорот на компнијата „Валв“ која ги прави "Half-Life" игрите Гејб Њувел додека раговарал со Марк Леидлу во неговиот автомобил. Името било слично на физичарот Фримен Дајсон. Леидлувата идеја била Дајсон Поинкар. Њувел не се сложувал со него бидејќи го имало презимето нз Хенри Поинкар. Накрај тие се сложиле да му го дадат неговото име.

Лицето на Фримен е правено по лицата на четири луѓе. Најраниот модел на Фримен бил наречен „Иван вселенскиот моторист“. Тој имал подолга брада, немал очила и имал бел костум.

Заднина[уреди | уреди извор]

За време на случката во установата „Црна Меза“, Фримен имал 27 години. Тој не зависи од никого и има завршено на факултетот МИТ, и титула Ph.D во теоретската физика. Тој живеел во Сиетл, Вашингтон и тој покажал интерест кон квантната механика и релативитетот од мали нозе. Неговите омилени херои биле Алберт Ајнштајн, Стивен Хокинг и Ричард Фејнмен. Откако почнал да ги набљудува сериите на експерименти со телепортирање, во Институтот за ескпериментална физика во Инсбрук, Австрија, тоа му станало опсесија и почнала да работи на технологијата со телепортирање. Но тој набргу и се враќа повторно на квантната механика и се вработува во установата „Црна Меза“ кај МИТ-инженерот Д-р Клајнер.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]