Гол пиштол
Гол пиштол (англиски: The Naked Gun: From the Files of Police Squad!) е американски филм од 1988 година, во режија на Дејвид Цукер (David Zucker). Автори на сценариото се Џери Цукер (Jerry Zucker) и Џим Абрахамс (Jim Abrahams). Главните улоги ги толкуваат: Лесли Нилсен (Leslie Nielsen), Присила Присли (Priscilla Presley), О.Ј. Симпсон (O.J. Simpson), Рикардо Монталбан (Ricardo Montalban) итн. Филмот трае 85 минути и е снимен во колор техника.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Полицискиот инспектор Френк Дебрин (го игра Нилсен) е тажен, бидејќи го напуштила жената. Истовремено, во пристаништето е тешко ранет неговиот колега Нордгберг (го игра Симпсон), а Дебрин се сомнева дека во тоа е замешан еден богат стопанственик, Винсент Лудвиг (го игра Молтанбан), кој пак ја наговорува својата секретарка, убавата Џејн Спенсер (ја игра Присли), да се зближи со инспекторот за да ги открие неговите планови.
Во меѓувреме, во градот треба да пристигне англиската кралица Елизабета II, а Дебрин е задолжен за нејзината безбедност. Меѓутоа, за време на свечениот прием, тој прави скандал, поради што е суспендиран од работата. Сепак, Френк не се откажува и дознава дека Лудвиг подготвува атентат врз кралицата. За време на финалниот натпревар во безбол, еден од играчите е хипнотизиран да ја убие кралицата. Френк, се преправа во оперски пејач и влегува на теренот, каде потоа изигрува судија. Во последен миг, тој успева да ја спаси кралицата.[1][2][3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 IMDb, The Naked Gun: From the Files of Police Squad! (1988) (пристапено на 14.12.2014)
- ↑ Антена, број 859, 12.12.2014, стр. 14.
- ↑ „Гол пиштол“, Антена, број 870, 27.2.2015, стр. 14.
|