Голем тетреб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Голем тетреб
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Кокошковидни
Фамилија: Phasianidae
Потфамилија: Tetraoninae
Род: Tetrao
Вид: Голем тетреб
Биномен назив
Tetrao urogallus
Linnaeus, 1758

Голем тетреб (Tetrao urogallus) е вид птица од фамилијата тетреби. Ја има во Македонија.

Распостранетост[уреди]

Најчесто се среќаваат во централна Азија, и во северните делови на Европа, особено во пошумените региони на Норвешка, Шведска, Финска, Русија и Романија.

Опис[уреди]

Мажјаците многу лесно можеме да ги разликуваме од женките, поради нивната големина и боја. Должината на тетребите изнесува 74-85 cm, распонот на крилјата им е 90-125 cm. а тежат околу 4.1 kg. Пердувите на телото им се темно сиви-темно кафени, а кај градите им се светликаво зелени. Во зависност од расата, пердувите кај опашот и стомакот се бели или црни. Женките се дури околу два пати помали од мажјаците, долги се 54-64 см, а распонот на крилјата им е 70 см. Пердувите на горниот дел им се кафени со црно и сиво, а на долниот дел имаат и светло-жолта нијанса. Двата пола имаат пердуви на нозете, особено во зима за заштита од студ.

Исхрана и живеалиште[уреди]

Се хранат со лисја, треви, плодови, инсекти. Нивните живеалишта се старите густи шуми, каде што продира само толку сонце колку што им е потребно.

Размножување[уреди]

Сезоната на размножување започнува во периодот помеѓу Март и Април, и отприлика трае до Мај-Јуни. Три дена по парењето, женката почнува да ги лежи јајцата. Женката несе осум јајца, некогаш и дванаесет, а ретко кога несе четири-пет. Според времето и надморската висина, одгледувањето трае 26-28 дена. По големина, јајцата им се исти како на кокошките, но имаат и попрскано-кафена боја.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]