Голем воден бик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Голем воден бик
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Штрковидни
Фамилија: Чапји
Род: Botaurus
Вид: Голем воден бик
Биномен назив
Botaurus stellaris
(Карл Лине, 1758)

Големиот воден бик (Botaurus stellaris) е птица од фамилијата на чапјите. Го има и во Македонија.

Распространетост[уреди]

Големиот воден бик е распростанет во Азија и Европа крај водните површини со трска и рогозина. Бројот им се намалува иако не е загрозен вид. Во Европа има 20-44 000 мажјаци.[2] Најмногу се застапени во западна и јужна Европа. Мигрира на југ од местата каде водата зимно време замрзнува. Освен европските видови (Botaurus s. stellaris) тука се и: јужноамериканскиот (Botaurus pinnatus), американскиот (Botaurus lentiginosus) и австралискиот воден бик (Botaurus piciloptilus), јужноафриканскиот (Botaurus s. capensis).[3]

Опис[уреди]

Овие птици имаат светло, пепелаво-кафено перје, испрскано со потемни точки и прошарано со линии. Има неелегантна форма, а мажјакот и женката се слични. Долги се од 69 до 81 cm, просечниот распон на крилјата е 130 cm, а тежат 0,87 - 1,94 килограми.[4]

Однесување[уреди]

Големиот воден бик живее меѓу трски и кога ќе се вознемири, стои мирно во едно место, а главата и клунот ги крева нагоре. Ова однесување и бојата на перјата ја кријат птицата толку добро што е речиси невозможно да се види. Нив повеќе можеме да ги слушнеме отколку да ги видиме, зашто мажјакот испушта звук кој се слуша и на 5 км оддалеченост. Поактивни се во мугри и самрак. Се гледаат рано наутро додека летаат од или кон гнездото. Вратот кога летаат им е згрчен, а мавтањето со крилата брзо.

Размножување[уреди]

Мажјаците се полигамни и имаат над 5 женки. Се гнездат во трската, а ги користат старите гнезда кои се 30 см во пречник. Гнездењето се случува доста рано, во март - април, се снесуваат 4-5 јајца кои ги лежи женката 25-28 дена. По испилувањето, малечките остануваат околу 2 недели со мајката, а потоа си заминуваат.

Исхрана[уреди]

Се хранат со риби, жаби и други водени организми.

Наводи[уреди]

  1. BirdLife International (2008). „Botaurus stellaris“. Црвен список на МСЗП - загрозени видови во 2008 година. МСЗП 2008. Вчитано на 4 February 2009. Database entry includes justification for why this species is of least concern.
  2. The RSPB: Bittern
  3. „Eurasian Bittern, The Internet Bird Collection“. http://ibc.lynxeds.com/species/eurasian-bittern-botaurus-stellaris. конс. 16 февруари 2009 
  4. Brazil, Mark, Birds of East Asia: China, Taiwan, Korea, Japan, and Russia (Princeton Field Guides). Princeton University Press (2009), ISBN 978-0-691-13926-5

Надворешни врски[уреди]