Гванахуато
Гванахуато (шпански: Estado de Guanajuato) е сојузна држава во Мексика. Се наоѓа во централниот дел на земјата. Има површина од 30,491 km² и брои 4,893,812 жители (попис од 2005).
На север се граничи со државите Закатекас и Сан Луис Потоси, на запад со Халиско, на југ со Мичоакан, и на исток со Керетаро.
Поради богатството на рудата сребро, Гванахуато била една од првите области која Шпанците ја колонизирале во 1520-те. И денес некои од локалните рудници се рекордери по производство во светот. Покрај сребро, се експлоатира и цинк, злато, бакар, олово и опал.
Гванахуато е една од економско најразвиетните сојузни држави во Мексико, чии што стапки на раст редовно го надвишуваат националниот просек.
Главен град е Гванахуато, додека најголем град е Леон. Сојузната држава Гванахуато е основана во 1824 година.
[уреди] Надворешни врски
- Официјален веб портал на Гванахуато (шпански)
Посебен статус: Федерален дистрикт град Мексико

