Гвавијаре (река)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гвавијаре
Guaviare

Гвавијаре во градот Сан Хосе де Гвавијаре
Извор реките Ариари и Гвајаберо
Утока Ориноко
Земји во сливот Колумбија
Должина 1.497 км
Карта на реката Гвавијаре

Гвавијаре (шпански: Río Guaviare) — река во Колумбија, притока на Ориноко.

Произлегува од реките Ариари и Гвајаберо, кои пак извираат во источниот дел на Андите. Долга е 1.497 км, и со тоа е најдолгата река во системот на Ориноко. Пловна е во должина од 630 км. Сливот зафаќа површина од 166.000 км².[1] Реката Гвавијаре се смета за граница помеѓу областа Љанос и Амазонската прашума.

Главна притока на Гвавијаре е реката Инирида.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Colombia Guía Enciclopédica — C. A. Suárez (Bogotá 2002, ISBN 958-04-6806-0)

Надворешни врски[уреди]