Гаел Бигиримана
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Роден на | 22 октомври 1993 | ||
| Роден во | Бужумбура, Бурунди | ||
| Висина | 1,75 м | ||
| Положба | среден ред | ||
| Младинска кариера | |||
| Ковентри Сити | |||
| Кариера* | |||
| Години | Клуб | Apps† | (Gls)† |
| 2011–2012 | Ковентри Сити | 155 | (8) |
| 2012– | Њукасл Јунајтед | 163 | (1) |
| * Senior club appearances and goals counted for the domestic league only and correct as of 21 септември 2011. † Appearances (Goals). |
|||
Гаел Бигиримана (роден на 22 Октомври, 1993 година) е фудбалер од Бурунди. Тој е играч од средниот ред кој игра за Њукасл Јунајтед.
Кариера [уреди]
Роден во Бужумбура, тој се преселил како бегалец од Бурунди со неговата мајка во 2004 година во Обединетото Кралство. Некое време поминал и живеејќи во Уганда. Тој е опишан како Есиен-тип на играч во средината на теренот, поради квалитетот на одземање на топката од противникот и силниот удар од далечина. тој дошол на проби во академијата на Ковентри Сити на возраст од 12 години и останал да тренира таму до својата 17 година кога потпишува професионален договор со клубот во летото 2011 година. Своето деби во првиот тим го има на 8 август 2011 играјќи ги сите 90 минути во поразот на гостувањето кај Лестер Сити. Тој одигра 26 натпревари за тимот истата сезона и иако најмлад од сите други играчи во клубот беше еден од клучните фудбалери на Ковентри кој накрајот од сезоната, сепак, испадна од Чемпионшип. На 6 јули 2012 Скај Спорт објавува дека Бигиримана потпишал за Њукасл Јунајтед за сума која се верува дека е помеѓу £500,000 и £1,000,000.
Своето деби во Премиер лигата Бигиримана го направи на 2 септември 2012 појавувајќи се како резерва во домашниот меч против Астон Вила и заменувајќи го повредениот Дани Симпсон.
Надворешни врски [уреди]
- Гаел Бигиримана на soccerway