Волчишки манастир

Координати: 40°56′42″N 23°56′9″E / 40.94500° СГШ; 23.93583° ИГД / 40.94500; 23.93583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Волчишки манастир
Света Петка
Ιερά Μονή Αγίας Κυριακής
Карта
40°56′42″N 23°56′9″E / 40.94500° СГШ; 23.93583° ИГД / 40.94500; 23.93583
МестоВолчишта, Зихненско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Мреж. местоim-agparaskevis.gr
Архитектура
Завршена1874
Управа
ЕпархијаЗихненско-неврокопска

Волчишки манастир „Света Петка“ (грчки: Ιερά Μονή Αγίας Παρασκευής Δομίρου) — женски манастир кај селото Волчишта, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Сместен е на 2 км источно од селото и има неколку храма — главниот „Св. Петка“, црквата „Св. Рафаил“, црквата „Св. Спиридон“ и параклисот „Св. Теофанија“.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирот е основан околу 1500 г. како метох на Кушничкиот манастир („Пресв. Богородица Косиница“). Според тврдење на епархискиот портал, бил изгорен од Македонци и обновен во 1904 г. На влезната плоча на црквата се вели: „Овој Свети храм е обновен во 1904 година со помошта на Богородица Косиница Кушничка при игуменот архимандрит Дамаскин Вафидис“. Во 1924 г. по размената на население меѓу Грција и Турција, по инцијатива на митрополитот Лаврентиј Драмски, Кушничкиот манастир го отстапил метохот на шест монахињи од Имерскиот манастир „Св. Јован Претеча“ во Понт, кои со себе ги долене иконостасните икони од тамошниот храм. Со кралски указ на Павле I манастирот е прогласен за независен и станал првиот женски манастир во Егејска Македонија под грчка власт. Со текот на времето манастирот е напуштен. Неговата обнова започнала во ноември 1988 г. од игуменијата Маријам и завршила во 2004 г.[1]

Икони[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ιστορικό“. Ιερά Μονή Αγίας Παρασκευής. Архивирано од изворникот на 2016-01-29. Посетено на 21 декември 2015.
  2. „Ιεροί Ναοί“. Ιερά Μονή Αγίας Παρασκευής. Архивирано од изворникот на 2016-01-29. Посетено на 21 декември 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]