Волонтерство

Од Википедија — слободната енциклопедија

Волонтерство и Волонтери пренасочува овде. За други значења на Волонтер, Волонтери, и Волонтерски, видете Volunteer (disambiguation).

Деца изнесуваат ѓубре и рушевини на Денот на чистење на заедницата во Јаунде, Камерун.

Волонтерството е практика на луѓе кои работат за доброто на останатите, без мотив за каква било финансиска или материјална добивка. Волонтерството, општо земено, се смета за алтруистичка активност, наменета за промовирање добро или за подобрување на квалитетот на животот. Луѓето волонтираат и со цел да стекнат вештини без да е потребна финансиска инвестиција од страна на работодавецот.

Волонтерството зазема многу форми и широк спектар на луѓе го обавуваат. Многу волонтери се обучени во сферите во кои работат, како на пример медицина, образование или прва помош. Останатите, волонтираат на основа на потреба, како што се природните катастрофи.

Полза од волонтерство[уреди | уреди извор]

Постојат три главни ползи од волонтерство:

  1. Економска полза: активности кои ги преземаат волонтерите, кои инаку би требало да ги поддржи државата или треба да бидат поддржани со приватен капитал, така што волонтерството придонесува за целокупниот економски исход на земјата, а го намалува товарот од владиното трошење.
  2. Социјална полза: волонтерството помага при градењето кохезивни (сплотени / тесно поврзани) заедници, при што гаи поголема доверба меѓу граѓаните и развива норми на солидарност и реципроцитет, кои се неопходни за една стабилна заедница.
  3. Полза за поединечна кариера: преку волонтирање, дипломираните можат да запознаат луѓе и да стекнат работно искуство, а корист имаат и учениците при аплицирањето за стипендии, бидејќи се свесни дека судиите се импресионираат кога во кратката биографија е опфатено и волонтерска работа.

Социјални средства[уреди | уреди извор]

Социјалните средства овозможени со волонтерство играат клучна улога во економската обнова. Онаму каде што сиромаштијата е ендемска, сиромашните заедници имаат недостаток од пријатели и соседи кои се во можност да им помогнат. Оваа, волонтерска, заедничка помош или само-помош е битна заштитна мрежа. Овој модел добро функционира во рамки на држава бидејќи постои национална солидарност во време на неповолни услови и попросперитетните групи најчесто се жртвуваат за доброто на оние кои имаат потреба.

Волонтерство врз основа на знаење[уреди | уреди извор]

Под волонтерството врз основа на знаење се подразбира волонтерство каде што волонтерот е стручно обучен во областа во која волонтира. Ова е спротивно од типичното волонтерство, каде што не е потребна стручна обука. Според Независниот Сектор, просечен час - типично волонитрање се движи од 18-20 долари на час. Волонтерството врз основа на знаење е проценето за 40-500 долари на час, во зависност од пазарната цена во тоа време.[1]

Виртуелно волонтерство[уреди | уреди извор]

Виртуелното волонтерство, понекогаш познато и како е-Волонтерство, он-лајн волонтерство или микро-волонтерство е термин со кој се опишува волонтер кој ги извршува задачите, во целост или делумно, надвор од организацијата и кој користи интернет, дом, училиште, телецентар или работен компјутер или друга направа која е поврзана со интернет, како на пример PDA (a personal digital assistant) – рачно управуван компјутер, исто познат и како компјутер за дланка или smartphone – мобилен телефон кој нуди напреднати можности, често со функционалност како на личен сметач. Виртуелното волонтерство е познато и како сајбер услуга, телементорство и телетуторство и под разни други имиња. Виртуелното волонтерство е слично на работење од дома, само што, не станува збор за платени он-лајн вработени туку за неплатени он-лајн (интерактивни) волонтери.

Еколошко волонтерство[уреди | уреди извор]

Еколошкото волонстерство се однесува на волонтери кои даваат придонес за еколошкиот менаџмент. Волонтерите се служат со низа активности кои вклучуваат набљудување на средината, еколошко реставрирање како ре-вегетација и отстранување пиреј и образовање на останатите за природната средина.

Начела[уреди | уреди извор]

Предлошка:Gift economy Во речиси, сите модерни општества, најосновна од сите вредности е онаа луѓето да им помогаат на луѓето, а при тој процес да си помагат и себеси. Но, може да се појави тензија помеѓу волонтерството и услугите кои ги нуди државата, така што повеќето земји развиваат начела и развиваат законодавство со цел да ги разјаснат улогите и односите меѓу акционерите и да ја идентификуваат и наменат потребната правна, социјална, административна и финансиска поддршка. Ова особено е потребно кога некои волонтерски активности се сметаат како предизвик за надлежните во државата како на пример, кога на 29 јануари 2001 год. претседателот Буш предупреди дека волонтерските групи треба да ја надополнот, а не да ја заменат работата на владините агенции.[2] Волонтерството кое ù е од полза на државата но ја предизвикува платената опозиција ја разгорува лутината на работничките унии, застапувајќи ја платената опзиција, како што е случајот кај волонтерските противпожарни одделенија особено во мешаните одделенија.

Потешкотии во крос-националната помош[уреди | уреди извор]

При овој модел на волонтирање, можат да настанат проблеми кога ова се применува низ национални граници. Кога една држава праќа волонтери во друга држава може да се смета како прекршување на суверенитетот и недостаток на почит кон националната влада на предложените приматели. На овој начин, кога државата преговара за понудата и прифаќање помош, битни се мотивите, особено ако спонзорите ја одложат или запрат помошта. Оттаму еволвирале три типа на услови:

  1. Финансиска одговорност: Транспарентност во управувањето на поддршката, со цел да се осигура дека тоа што волонтерите го сработиле има соодветна цел.
  2. Реформа на начелата: барање од владите на земјите во развој да ги адаптираат социјалните, економските или еколошките начела. Најконтроверзното поврзување кон приватизацијата на услуги кое традиционално го нуди државата.
  3. Развојни цели: барање од земјите во развој да ги приспособат економските цели, специфично обврзани со време.

Некои меѓународни волонтерски организации ја дефинираат нивната примарна мисија алтрустички, како борба против сиромаштијата и подобрување на животните стандарди на луѓето од земјите во развој. Таков е примерот со Voluntary Services Overseas која има речиси 2000 обучени професионалци кои работат како волонтери со цел да го предадат своето знаење на локалните луѓе, на тој начин што и кога ќе се вратат дома, знаењето ќе остане. Резултатот е одличен кога овие организации работат во партнерство со владите. Но, кога други организации или поединечни влади од развиените земји ја поддржуваат работата на волонтерските групи, постои сомнеж дали нивните вистински мотиви се намалување на сиромаштијата или создавање богатство за некои од сиромашните или пак начела наменети за корист на земјите дарители. Оваа нејасност постои бидејќи искуството покажуваПредлошка:Кој дека она што е волонтерски сработено може да ги уништи странските и економските начела на земјата која ја прима помошта. Економијата на земјите со многу ниски приходи страда од „индустријализација без просперитет“ и „инвестиција без раст“. Ова се јавува бидејќи „помошта за развој“ насочува многу влади од земјите од третиот свет да ги купат „развојните“ начела кои се некорисни, лошо осмислени, непродуктивни па дури и толку позитивно деструктивни, што не можат да опстанат без надворешна помош.[3]


Всушност, некои од овие понуди за помош го извитопериле општиот дух на волонтерството, при што ја третираат локалната волонтерска акција како „придонес по вид“ т.е. како услови кои бараат локалните луѓе да се стекнат со правото да донираат „наметливо”, со тоа што ќе го променат своето однесување. Ова може да се смета како заповод и навреда за примателите бидејќи помошта им служи, пред сè, на начелните цели на дарителите отколку на потребите на примателите.

Записите покажуваат дека помошта, условена од реформите на начелата честопати не е делотворна. Условеноста функционира само тогаш кога постои силна домашна посветеност кон реформите и ако владите-приматели се демократски, т.е одговорни кон своите сопствени избраници. Волонтерските организации и нивните поддржувачки дарители треба да ги почитуваат владите на земјите во кои сакаат да помогнат и да градат врз длабоко-вкоренетите традиции на луѓето за си помогнат едни на други, а со тоа создаваат битна состојка за социјален и демократски развој.

Критика[уреди | уреди извор]

Во 1960-та год. Иван Илич приложи истражувања за улогата на америкаснките волонтери во Мексико во неговиот говор насловен како "To Hell With Good Intentions" („Патот до пеколот е поплочен со добри намери“). Неговата загриженост во склоп на критиките на Паоло Фреире и Едвард Сед кружи околу идејата за алтруизмот како надополнување на христијанската мисионерска идеологија и дека чувството на морална одговорност / обврска го води концептот на однесување како што доликува, кој за првпат се развил во француската аристократија како морална одговорност која произлегува од нивното богатство. Едноставно кажано, и двете го предложуваат проширувањето на моќта и авторитетот на запоставените култури низ светот. Скорашните критики врз волонтерството доаѓаат од Вестмир и Кан (1996г.) и Глориа Ваткинс, позната како bell hooks (2005г.).

Постои загриженост и за ефектите од неолиберализмот во областа на волонтерството, за што сведочи и зголеменото влијание на корпорациите врз социјално програмирање на непрофитните организации на заедниците, особено преку младинска работа.[се бара извор]

Полето на медицински туризам (се однесува на волонтери кои патуваат во прекуокеанските земји за да понудат помош) неодамна се стекна со негативна критика во однос на алтернативната забелешка за одржлив капацитет (работење во однос на долгорочни инфраструктури кои се водат локално но од страна на странски поддржувачи). Надмоќта на оваа критика се јавила најчесто во научната литература и онаа критикувана од врсниците.[4][5][6]. Неодамна, и медиумските флаери со поопшто читателство објавија вакви критики.[7].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Independent Sector
  2. „Bush Announces Faith-Based Initiative“. Архивирано од изворникот на 2010-06-19. Посетено на 2009-10-20.
  3. „Aid, taxation, and development: analytical perspectives on aid effectiveness in Sub-Saharan Africa“. World Bank. 1998-02-28. Посетено на 2007-07-12. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. Bezruchka, S. (2000). Medical Tourism as Medical Harm to the Third World: Why? For Whom? Wilderness and Environmental Medicine, 11, 77-78.
  5. Roberts, M. (2006). Duffle Bag Medicine. Journal of the American Medical Association, 295, 1491-1492.
  6. Pinto, A.D., & Upshur, R.E.G. (2009). Global Health Ethics for Students. Developing World Bioethics, 9, 1-10.
  7. Jim Baraldi. "A harm in 'medical tourism.' The poor need lasting efforts to improve global health, not feel-good field trips". 25 септември 2009. The Philadelphia Inquirer.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]