Волкот и седумте јариња (цртан филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Волкот и седумте јариња“ е цртан филм од Советскиот Сојуз, создаден во 1957 година од режисерот за анимации, Петр Николаевич Носов, заснована на руска народна приказна, во студиото „Сојузмултфилм“ [1] .

Гласовите ги позајмиле: Јулија Јулскаја - Коза, Георгиј Витцин - Клукајдрвец, Леонид Пирогов - Мечка, Лев Дуров - Волк.

Заплет[уреди | уреди извор]

Цртаниот филм е заснован на познатата руска народна приказнаВолкот и седумте јариња“.

Еднаш козата морала итно да ја напушти куќата. Загрижена за своите јариња, таа ги советува јарињата да не ја отвораат вратата на никој друг, освен нејзе. За да ја препознаат, козата ги научила на едноставна песна, со која јарињата веднаш можеле да ја препознаат нивната мајка.

Но, злобниот волк го прислушкувал нивниот разговор и решил да ги фати јарињата, користејќи се со итрина. Тој побарал од мечката, шумски ковач, да му го направи гласот тенок за да ги измами малите јариња.

Јарињата „паднале во замката“ и го пуштиле волкот во куќата. Волкот ги фатил и ги ставил во вреќа, освен едно јаре кое се сокрило во шпоретот. Но, козата сепак успеала да ги врати своите јариња со помош на жителите на шумата, вклучително и мечката ковач тие му одржале лекција на злобниот волк.

ДВД изданија[уреди | уреди извор]

Во 2008 година, овој цртан филм бил објавен на ДВД од Крупен План. За време на снимањето, се користело дигитална реставрација на сликата и звукот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Филмови-бајки. Сценарија на рачно нацртани филмови. Број 5 .. - М .: Уметност, 1958. - 290 стр. Н. Абрамов „Волкот и седумте јариња“, стр. 131.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]