Вие се оро македонско

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Вие се оро македонско“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина2:33 (Ѓорѓи Желчески и Кевсер Селимова)
02:43 (Група Лина)
02:42 (Ансамбл Ѓорѓи Димчевски)

Вие се оро македонскомакедонска народна песна. Песната е посветена на македонското оро кое во песната, се играло покрај Вардар во Скопје во присуство на многу Македонци. Песната има патриотски карактер.

Текст[уреди | уреди извор]

-Вие се, вие оро македонско,
голем собор ми се собрал крај Вардарот.
Оро и песна, сонце и љубов,
тоа е наша Македонија.

Сиот народ се насобрал македонски,
прегрнати братски да се развеселат.
Оро и песна, сонце и љубов,
тоа е наша Македонија.

Дали гледаш, мило Скопје, дали слушаш
како македонска песна се пее?
Оро и песна, сонце и љубов,
тоа е наша Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]