Видливо малцинство

Од Википедија — слободната енциклопедија

Видливо малцинство (француски: minorité visible) ― поим Владата на Канада го дефинира како „луѓе, освен абориџините (домородните), кои се некавкаски (бели) по раса или небели по боја“.[1] Поимот првенствено се користи како демографска категорија од страна на Статистика на Канада, во врска со политиките за еднаквост за вработување на таа земја. Квалификаторот „видлив“ бил избран од канадските власти како начин да се издвојат поновите доселенички малцинства и од домородните Канаѓани и од другите „постари“ малцинства што се разликуваат по јазик (француски против англиски јазик) и религија (католици и протестанти протестанти), кои се „невидливи“ особини.

Поимот видливо малцинство понекогаш се користи како еуфемизам за „небело“. Ова е неточно, бидејќи дефинициите на владата се разликуваат: домородните не се сметаат за видливи малцинства, но не се нужно ниту бели. Исто така, некои групи кои се дефинирани како „бели“ во други земји (како што се жителите на Соединетите Држави со блискоисточно потекло) се дефинирани како „видливи малцинства“ во службената канадска дефиниција. Во некои случаи, членовите на „видливите малцинства“ може визуелно да не се разликуваат од мнозинското население и/или може да образуваат мнозинско малцинство месно (како што е случајот во некои делови на Ванкувер, Торонто и Монтреал).

Од реформата на канадските закони за доселување во 1960-тите, доселувањето е првостепено на народи од други области освен Европа, од кои многу се видливи малцинства во Канада. Законски, членовите на видливи малцинства се дефинирани со канадскиот Закон за рамноправност при вработување како „личности, освен Абориџините, кои се некавкаски по раса или небели по боја“.[2]

Во Канада[уреди | уреди извор]

Карта на видливи малцинства во Канада по покраина, 2016 година.

Над седум милиони Канаѓани идентификувани како член на видлива малцинска група на пописот во 2016 година, што претставува 22,3% од вкупното население. Ова било зголемување од Пописот од 2011 година, кога видливите малцинства сочинуваа 19,1% од вкупното население; од Пописот од 2006 година, кога видливите малцинства сочинуваа 16,2% од вкупното население; од 2001 година, кога видливите малцинства сочинуваа 13,4% од вкупното население; од 1996 година кога пропорцијата била 11,2%; и над 1991 година (9,4%) и 1981 година (4,7%). Во 1961 година, видливото малцинско население било помалку од 1%. Зголемувањето претставува значителна промена во демографијата на Канада поврзана со зголеменото доселување од воведувањето на нејзините политики за мултикултурализам.

Врз основа на годишниот внес на доселување во Канада од последниот попис во 2006 година, придружен со постојан пораст на видливото малцинско население во Канада поради повисоките нивоа на плодност на малцинските жени во споредба со канадските жени од европско потекло, истражувачите проценуваат дека до 2012 година, приближно 19,56% од населението во Канада ќе бидат поединци од неевропско (видливо малцинство) потекло. Домородното население во Канада, врз основа на проекциите за истата година (т.е. 2012), се проценува на 4,24%. Оттука, најмалку 23,8% од населението на Канада во 2012 година биле поединци од видливо малцинство или домородно наследство. Проекциите исто така покажуваат дека до 2031 година, видливото малцинско население во Канада ќе сочинува околу 33% од населението на нацијата, со оглед на постојаниот пораст на неевропската компонента на канадското население.[3][4]

Од покраините, Британска Колумбија имала најголем дел од видливи малцинства, што претставува 30,3% од нејзиното население, проследено со Онтарио со 29,3%, Алберта со 23,5% и Манитоба со 17,5%. На пописот од 2006 година, Канаѓаните со потекло од Јужна Азија ги замениле етничките Кинези како најголема видлива малцинска група во Канада. Во 2006 година, канадската статистика процени дека во Канада има 1,3 милиони луѓе од Јужна Азија, во споредба со 1,2 милиони Кинези.[5] Во 2016 година, имало приближно 1,9 милиони јужноазиски Канаѓани, што претставува 5,6% од населението на земјата, а потоа следат кинеските Канаѓани (4,6%) и црните Канаѓани (3,5%).[6]

Список на канадски пописни поделби со видливо малцинско население повисоки од националниот просек[уреди | уреди извор]

Национален просек: 22,3%Извор: Попис на населението во Канада од 2016 година.[7]

Британска Колумбија[уреди | уреди извор]

 

  • Ричмонд (76.3%)
  • Голема Ванкуверска Област (67.3%)
  • Варнаби (63.6%)
  • Сари (58.5%)
  • Ванкувер (51.6%)
  • Кокитлам (50.2%)
  • Нов Вестминстер (38.9%)
  • Западен Ванкувер (36.4%)
  • Делта (36)
  • Абостфорд (33.7%)
  • Порт Кокитлам (32.4%)
  • Северен Ванкувер (31.3%)
  • Порт Муди (30.4%)
  • Северен Ванкувер (окружна општина) (25.6)

Манитоба[уреди | уреди извор]

  • Винипег (&1000000000000002800000028% )

Онтарион[уреди | уреди извор]

  • Маркам (77.9%)
  • Брамптон (73.3%)
  • Ричмонд Хил (60%)
  • Мисссога (57.2%)
  • Ејџекс (56.7%)
  • Торонто (51.5)
  • Пикеринг (42.9%)
  • Милтон (42.8%)
  • Витчурчх-Стоувил (36.9%)
  • Воган (35.4%)
  • Оуквил (30.8%)
  • Виндзор (26.9%)
  • Oрора (26.9%)
  • Ватерлу (25.4%)
  • Оттава (26.3%)
  • Њумаркет (25.8%)
  • Витби (25.3%)

Квебек[уреди | уреди извор]

  • Бросард (42.9%)
  • Доллар де Ормо(38.8%)
  • Монтреал (34.2%)
  • Лавал (26.1%)
  • Монт Ројал (24.7%)
  • Киркланд (24.2%)
  • Дорвал (23.4)

Законодавни наспроти оперативни дефиниции[уреди | уреди извор]

Според Законот за рамноправност при вработување од 1995 година, дефиницијата за видливо малцинство е: „луѓе, освен абориџините, кои се не-кавкаски по раса или небели по боја“.[8]

Оваа дефиниција може да се следи наназад до Извештајот на Абеловата комисијата за еднаквост при вработувањето од 1984 година. Комисијата го опишала поимот видливо малцинство како „двосмислена категоризација“, но за практични цели го протолкуваше како „видливо небело“.[9] Канадската влада користи оперативна дефиниција со која ги идентификува следните групи како видливи малцинства: „Кинески, јужноазиски, црнци, филипински, латиноамерикански, југоисточни азиски, арапски, западноазиски, корејски, јапонски, видливо малцинство, и други, и Повеќе видливо малцинство“.[10] Сепак, за некои групи се применуваат неколку исклучоци. Според Референтниот водич за видливото малцинство и популациските групи од Пописот од 2006 година, исклучокот е:

Спротивно на тоа, во согласност со дефинициите за рамноправност при вработување, лицата кои пријавиле „латиноамериканец“ и „бел“, „арап“ и „бел“ или „западноазиец“ и „бел“ се исклучени од видливото малцинско население. Исто така, лицата кои пријавиле „латиноамериканец“, „арап“ или „западно-азиец“ и кои дале европски одговор како што е „француски“ се исклучени исто така од видливото малцинско население. Овие лица се вклучени во категоријата „Не видливо малцинство“. Меѓутоа, лицата кои пријавиле „латиноамериканец“, „арап“ или „западно-азиец“ и неевропски одговор се вклучени во видливото малцинско население.[11]


Поимот „небелец“ се користи во формулацијата на Законот за рамноправност при вработувањето и во прашалниците за правичност при вработување што се распределуваат до пријавувачите и вработените. Ова е наменето како стенографија за оние кои се во домородните и/или видливи малцински групи.[12]

Контроверзност[уреди | уреди извор]

Класификацијата „видливи малцинства“ привлекло контроверзии, како на национално така и од странство. Комитетот на ОН за елиминација на расната дискриминација изјави дека тие се сомневаат во употребата на овој поим бидејќи овој поим може да се смета за непристоен од одредени малцинства и препорача евалуација на овој поим. Како одговор, канадската влада направи напори да оцени како овој поим се користи во канадското општество преку нарачување научници и отворени работилници.[13]

Друга критика произлегува од семантичката применливост на класификацијата. Во некои случаи, членовите на „видливите малцинства“ не можат ниту „визуелно“ да се препознаат од мнозинското население ниту да образуваат „малцинство“, барем месно. На пример, многу Латиноамериканци кои живеат во Канада се самоидентификуваат како бели Латиноамериканци и визуелно не се разликуваат од белите Канаѓани. Покрај тоа, некои членови на „видливите малцинства“ може да образуваат мнозинско малцинско население месно (како што е случај во повеќето делови на Ванкувер и Торонто). Од 2008 година, податоците од пописот и медиумските извештаи наведуваат дека ознаката „видливи малцинства“ повеќе нема смисла во некои големи канадски градови, поради имиграциските трендови во последните децении. На пример, „видливите малцинства“ го сочинуваат мнозинството од населението во Торонто, Ванкувер, Маркам, Кокитлам, Ричмонд, Ејџекс, Барнаби, Голема Ванкуверска Област, Мисисога, Сари, Ричмонд Хил и Брамптон.[14] Во Соединетите Држави, таквите градови или области се опишани како мнозинско малцинство. Но, поимот „видливо малцинство“ се користи за администрирање на Законот за рамноправност при вработување и се однесува на неговата статистичка основа во Канада како целина, а не во кој било посебен регион.

Уште една критика на етикетата се однесува на составот на „видливите малцинства“. Критичарите забележале дека групите што ги сочинуваат „видливите малцинства“ имаат малку заедничко едни со други, бидејќи тие вклучуваат и обесправени групи и групи кои не се економски обесправени.[15] [16] Концептот на видливо малцинство е наведен во демографското истражување како пример за статистички текст, што значи категорија на попис што е измислена за одредена цел на јавната политика.[17] [18]

Понатаму, не е јасно зошто дефиницијата за малцинството треба да се фокусира на „визуелното“, а концептот на „звучно малцинство“ (на пр. оние кои зборуваат со она што на мнозинството му се чини дека е „нагласен“ англиски или француски) исто така е предложен, како говорот често ја создава основата за предрасуди, заедно со изгледот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Canada, Government of Canada, Statistics. „Classification of visible minority“. Архивирано од изворникот на 26 септември 2015.
  2. Visible Minority Population and Population Group Reference Guide, 2006 Census Архивирано на 11 декември 2008 г. from StatsCan
  3. "Minorities to rise significantly by 2031", cbc.ca
  4. "Visible minorities to make up 1/3 of population by 2031", CTV, март 2010
  5. One in 6 Canadians is a visible minority, CBC, 2 април 2008
  6. Canada, Government of Canada, Statistics. „Visible Minority (15), Generation Status (4), Age (12) and Sex (3) for the Population in Private Households of Canada, Provinces and Territories, Census Metropolitan Areas and Census Agglomerations, 2016 Census - 25% Sample Data“. www12.statcan.gc.ca (англиски). Посетено на 11 август 2022.
  7. „Census Profile, 2016 Census“. 12.statcan.gc.ca. 2011.
  8. Employment Equity Act (1995, c. 44) Act current to Oct 20th, 2010 Архивирано на 26 април 2020 г.
  9. Woolley, Frances. „Visible Minorities: Distinctly Canadian“. Worthwhile Canadian Initiative. Посетено на 11 август 2022.
  10. "Visible Minority Population and Population Group Reference Guide," 2006 Census Statcan
  11. Visible Minority Population and Population Group Reference Guide, 2006 Census - Catalogue no. 97-562-GWE2006003 Statcan
  12. Mentzer, M. S. (јануари 2002). „The Canadian experience with employment equity legislation“. International Journal of Value-Based Management. 15 (1): 35–50. doi:10.1023/A:1013021402597. ISSN 0895-8815.
  13. „Report of the Committee on the Elimination of Racial Discrimination“ (PDF). United Nations. United Nations: Committee on the Elimination of Racial Discrimination. Посетено на 11 август 2022.
  14. Hamilton, Graeme (3 април 2008). „Visible minorities the new majority“. National Post. Посетено на 11 август 2022.[мртва врска]
  15. Mentzer, Marc S.; John L. Fizel (1992). „Affirmative action and ethnic inequality in Canada: The Impact of the Employment Equity Act of 1986“. Ethnic Groups. 9 (4): 203–217. ISSN 0308-6860.
  16. Hum, Derek; Wayne Simpson (2000). „Not all visible minorities face labour market discrimination“. Policy Options/Options Politiques. 21 (10): 45–48. ISSN 0226-5893.
  17. . Washington, DC. Отсутно или празно |title= (help)
  18. Bauder, Harald (2001). „Visible minorities and urban analysis“. Canadian Journal of Urban Research. 10 (1): 69–90. ISSN 1188-3774.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]