Вера Бранѓолица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вера Бранѓолица
Родена Вера Божинова
16 јули 1936
Скопје, Кралство Југославија
Починала 20 март 2018(2018-03-20) (возр. 81)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонка
Занимање балерина

Вера Бранѓолица (Скопје, 16 јули 1936 - Скопје, 20 март 2018) — македонска балерина[1], основоположник на македонската балетска сцена.

Животопис[уреди | уреди извор]

Вера Бранѓочица е родена во Скопје на 16 јули 1936 година како Вера Божиновска. Уште на 14-годишна возраст ја започнала својата плодна кариера во балетот и имала остварено многу улоги во нејзината матична куќа – Македонската опера и балет. Нижо и средно балетско училчиште завршила во Скопје во класата на Ѓорѓи Македонски и Нина Кирсанова.

Од 1949 до 1976 година била член на Балетот при МНТ. Како истакната солистка, изразено музикална и со извонредно чувство за драматуршко обликување на улогите, таа имала одиграно многу улоги во безброј балетски претстави, меѓу кои: Кармен во „Кармен“ од Жорж Бизе, улога со која ја заврши својата професионална кариера, Воденичарка во „Трирогатата шапка“ од М. Де Фаља, Тамара во „Тамара“ од М. Балакирјев, Дадилка во „Ромео и Јулија“ од С. Прокофјев, „Танц на кадетите“, цигански танц во операта „Травијата“, Дон Кихот и многу други.

Починала во Скопје на 20 март 2018 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Бранѓолица“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. стр. 204. Text "series " ignored (help)