Ванчо Чавдарски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ванчо Чавдарски (3 март 1930 - 8 декември 2001)[1]диригент. Дипломирал диригирање на Белградската музичка академија во класата на проф. Ж. Здравковиќ, а специјализирал во Германија и во САД. Добитник е на втора награда на меѓународниот натпревар на млади диригенти во Ливерпул, Англија. Од 1965 до 1970 година соработувал со ансанблите на Операта и Балетот на МНТ, а во 1992 година бил уметнички директор на оваа институција. Во периодот од 1965 до 1970 година е директор и диригент на Македонската филхармонија. Од 1970 година со успех настапувал во странство со постојани ангажмани во Австралија, Јужна Кореја, Нов Зеланд, Тасманија. Гостувал во САД, Венецуела, Италија, Шпанија. Во периодот од 1994 до 2001 година е почесен професор на Јужно Корејскиот Конзерваториум во Сеул. Реализирал обемен симфониски, оперски репертоар (Аида, Бал под маски, Грабнување од сарајот, Палјачи, Севиљскиот берберин, Веселата вдовица) и балетите (Жар- птица, Вибрации, Жизела и др). Починал во Бризбејн, Австралија на 8 декември 2001 година.

Наводи[уреди | уреди извор]