Вангел Шатев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вангел Шатев
Роден 1909 година
Влахи, Пиринска Македонија, денеc Бугарија
Починал 2 ноември, 1944 година
месноста Галчовото во Кресна, Пиринска Македонија, денеc Бугарија
Националност Македонец

Вангел Георгиев Иванов Шатев ( 1909 во Влахи, Пиринска Македонија, Бугарија2 ноември 1944 во Кресна, Пиринска Македонија, Бугарија) — македонски борец. Жртва на комунистичкиот режим во Бугарија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1936 до 1938 година, Вангел членувал во нелегална младешка комунистичка организација во која исто така членувале и Галчо Василев, Јордан Ризов, Атанас Аџилев и уште неколку младинци од селото Влахи. Како заповед од повисоките нивоа на комунистичката партија, до нив стигале барање да извршуваат разни противопштествени работи. Помеѓу сите дејности, од нив било побарано да се сквернави Божјиот храм, со тоа што би го користеле како тоалет. На оваа задача Вангел, најкатегорично се спротивставил како и на други слични барања упатени кон нив. Со тоа предизвикал гнев на неговите соборци и поради тоа бил исклучен од групата, анатемисан како предавник, како измамник на комунистичкиот идеал. Неговите "другари" не се задоволиле само со тоа, па откако го дочекале 9-то септемврискиот преврат, на 2 ноември, 1944 година решаваат да го убијат на најжеток и мачен начин. Еден од неговите убијци - Галчо Василев се пофалил на следниов начин:

После тоа полужив бил фрлен во кладенец во месноста Галчовото во Кресна.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 99–101. На |first= му недостасува |last= (help)