Вангел Жабев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вангел Жабев
Роден 1939
Љалево, Царство Бугарија
Занимање параолимписки пливач

Вангел Жабев (роден во 1939 година во Љалево, Пиринска Македонија) — македонски параолимписки пливач и тренер.

На осумгодишна возраст, од заостанат експлозивен материјал од Втората светска војна, останал инвалид без двата подлакота. Освоил два олимписки медали на Параолимписките игри во Арнем (1980). Претходно учествувал на Отвореното првенство на Полска во 1977 година, каде освоил 4 златни медали – поединечно (50м слободно, 50м градно, 50м грбнои 3х50м мешано), а бил и државен првак на СФРЈ во пливање.

Живее во Велес и е активист на Сојузот за спорт и рекреација на хендикепираните лица[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Жабев“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 539. Text "series " ignored (help)