Валкан танц

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Валкан танц“
Податотека:Http://ia.media-imdb.com/images/M/MV5BMTI1OTQwNTM1MV5BMl5BanBnXkFtZTYwMzgyOTU5. V1 SY317 CR8,0,214,317 .jpg
Филмски постер
РежисерЕмил Ардолино
ПродуцентЛинда Готлиб
СценаристЕленор Бергстејн
Главни улогиПатрик Свејзи
Џенифер Греј
Џери Орбах
Синтија Роудс
МузикаЏон Морис
Ерик Балинг
КинематографијаЏефри Џар
МонтажаПитер К. Френк
СтудиоGreat American Films Limited Partnership
ДистрибутерVestron Pictures
Lionsgate
Премиераавгуст 21 1987 (1987-08-21)
Времетраење100 минути
ЗемјаСоединети Американски Држави
Јазиканглиски
Буџет$6 милиони
Бруто заработка$213,954,274

Валкан танц (англиски: Dirty Dancing) е американски романтичен филм од 1987 година. Напишан од Еленор Бергстејн и во режија на Емил Ардолино, во филмот како главни улоги се појавуваат Патрик Свејзи и Џенифер Греј, како и Синтија Роудс и Џери Орбах. Приказната е драма за созревање, која го прикажува созревањето на една тинејџерка преку врска со инструктор по танц на кој таа налетува за време на семејниот летен одмор.

Првично, нискобуџетен филм од нова продуцентска компанија, Great American Films Limited Partnership, и без големи ѕвезди (освен легендата на Бродвеј Џери Орбах во споредна улога), Валкан танц станал огромен хит во билетарниците. До 2009 година заработил над 214 милиони долари ширум светот. Тој е првиот филм кој се продал во повеќе од милион копии како домашно видео, а саундтракот за Валкан танц вродил два мулти-платинести албуми и многу синглови вклучувајќи го „(I've Had) The Time of My Life“, кој ги освоил наградите Златен Глобус и наградата од Академијата за најдобра оригинална песна и Греми наградата за најдобар дует. Филмот во 2004 година иницира негов римејк, „Dirty Dancing: Havana Nights“, како и негова театарска верзија која со својата изведба била распродадена во Австралија, Европа, Северна Америка, со планови да се појави и на Бродвеј. На 8 август 2011 година бил најавен римејк на „Валкан танц“ со Кени Ортега како режисер, кој претходно бил кореограф на оригиналниот филм. Сепак, на 8 јуни 2012 година, Лајонсгејт објавиле дека го одложуваат римејкот. Наведувајќи го доделувањето на улогите како причина, римејкот е тргнат од распоредот на студиото и одложен за најкасно до 2014 година и бил закажан да се издаде во јули 2013 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Летото, 1963 година, 17-годишната Френсис “Бејби” Хаусман (Греј) од Њујорк заминува на годишен одмор со нејзиното богато семејство во Келерман, одморалиште на планините Кетскил. Бејби планира да студира на колеџот Маунт Холиоки за да ја изучува економијата на неразвиените земји и за подоцна да влезе во Мировните мисии. Таа е именувана по Френсис Перкинс, првата жена на кабинетот во САД. Нејзиниот татко, д-р Џејк Хаусмен (Орбах) е личен лекар на Макс Келерман (Џек Вестон), сопственикот на одморалиштето. Бејби се заљубува во Џони Кесл (Свејзи) инструкторот по танц во одморалиштето, одговорен на персоналот задолжен за забавата.

Додека му носи лубеница на Били (братучедот на Џони Кесл), Бејби е поканета на една од тајните забави на персоналот по работното време и го набљудува „валканиот танц“ (т.е. Мамбото) за првпат. Таа е заинтригирана од секси танцот и добива краток импровизиран час. Подоцна, Бејби открива дека партнерката на Џони, Пени Џонсон (Роудс) е бремена од Роби Гулд (Макс Кантор), келнер кој е женкар и кој се забавува (и кој ја изневерува) сестрата на Бејби, Лиса. Бејби дознава дека Роби не планира да направи ништо во врска со бременоста (како што тој вели „некои луѓе бројат/сметаат, некои не“), па Бејби обезбедува пари од нејзиниот татко за да го плати нелегалениот абортус на Пени. Џејк се согласува да ѝ ги даде парите на Бејби и покрај нејзината таинственост во врска со тоа за што ќе бидат искористени заради довербата која Џејк секогаш ја имал во неа. Во нејзините обиди да помогне, Бејби исто така станува замена-танчер на Пени за важна изведба на Шелдрјек, блиско одморалиште каде што Џони и Пени настапуваат годишно. Престојното шоу бара од Џони да ја подготви Бејби да ја научи потребната рутина.

Додека Џони ја учи Бејби да танцува се разгоруваат страстите и почнува да се развива романса. Нивната изведба на Шелдрок се одвива прилично добро, иако Бејби е премногу нервозна за да го изведе подигнувањето што претставува кулминација на танцот.

Кога ќе се вратат во Келерман тие дознаваат дека нелегалниот абортус на Пени бил неуспешен, оставајќи ја во очајничка болка. Бејби го доведува татко ѝ да и помогне, но тој погрешно го толкува одговорот на Џони на прашањето кој тој го поставува додека ја лекува Пени, со тоа што верува дека Џони е тој што ја забременил.

Поради тоа, откако Џејк ќе и го спаси животот на Пени, тој и забранува на Бејби да има било што со Џони или со неговите пријатели. Џејк е бесен на Бејби поради тоа што го лажела и ја изневерила неговата доверба. Сепак, Бејби се искрадува и го посетува Џони во неговата соба истата вечер каде што ја заокружуваат нивната романса во развој со интимен танц. Врската на Џони и Бејби најпосле се обелоденува откако Џони е обвинет за кражба на паричник на еден од гостите во одморалиштето и не е во состојба да даде веродостојно алиби. За да спречи Џони да биде отпуштен, Бејби признава дека Џони не би можел да биде одговорен бидејќи таа вечер била со него во неговата кабина. Иако Џони е ослободен од обвинението, Макс сепак го отпушта Џони поради непочитување на забраната да има афера со гостите. Несебичната постапка на Бејби го инспирира Џони да сфати дека „постојат луѓе кои се спремни да застанат во одбрана на другите без разлика што тоа ќе ги чини“.

На финалното шоу за таленти на сезоната, Џејк му дава на Роби чек за да и помогне да ги подмири трошоците на медицинското училиште. Тогаш Роби доброволно признава дека ја забременил Пени и ја навредува, по што Џејк луто му го зграпчува ковертот. Исто така, на изненадување на сите, иако Џони е отпуштен и ја има напуштено зградата, тој се враќа во одморалиштето за да го изведе последниот танц на сезоната со Бејби, критикувајќи ги семејството Хаусман поради нивниот избор за тоа каде Бејби да седи на масата, Џони ја изјавува сега веќе познатата линија, „Никој не ја ства Бејби во ќош“, додека ја повлекува од нивната маса. Тој ја води на бината прекинувајќи го веќе започнатото шоу.

Откако Џони ќе направи краток говор за тоа како „Френсис“ го направила подобар човек, тој и Бејби ја маѓепсуваат публиката со фантастичен танц на песната „(I've Had) The Time of My Life“, која завршува со успешното подигање на Бејби за првпат. По танцот, Џејк му се извинува на Џони и му признава дека згрешил што го напаѓал дека ја вовлекол Пени во неволја. Џејк исто така ја фали Бејби за нејзиното танцување. Филмот завршува така што танцот продолжува и собата се претвора во ноќен клуб, каде што сите (вработени и гости) танцуваат заедно.

Улоги[уреди | уреди извор]

Продукција[уреди | уреди извор]

Пред-продукција[уреди | уреди извор]

Валкан танц, во голем дел е заснован на личното детство на сценаристката Еленор Бергстејн. Таа е најмладата ќерка на еврејски доктор од Њујорк која ги поминувала летата со нејзиното семејство во Кетскилс, која учествувала на натпревари за „Валкан танц“ и која како девојче се нарекувала Бејби. Во 1980 година, Бергстејн го напишала сценариото за филмот на Мајкл Даглас, It's My Turn. Сепак, продуцентите, исекле еротска сцена со танцување од сценариото што многу ја разочарало. Подоцна таа смислила нова приказна фокусирана исклучително на танцување. Во 1984 година ја пренела идејата на директорката на Ем-џи-ем Ајлин Мисел на која и се допаднала идејата и ги споила Бергстејн со продуцентката Линда Готлиб.

Тие го снимиле филмот во 1963 година со ликот на Бејби, заснован на личниот живот на Бергстејн и ликот на Џони, заснован на приказните на Мајкл Терас, инструктор по танцување кој Бергстејн го запознала во Кетскилс во 1985 година, додека ја истражувала приказната. Таа го завршила сценариото во ноември 1985 година, но промените во управата на Ем-џи-ем го ставаат сценариото во пресврт, односно лимбо. Бергстејн тогаш го нуди сценариото по други студија, но е постојано одбивана сè додека не го донела во Вестрон Пикчрс, новооформената подружница на студиото Вестрон Инк. со седиште во Стенфорд, Конектикат, водечката независна компанија за домашна видео дистрибуција. Додека ја усовршувале својата понуда за Вестрон, Готлиб и Бергстејн за режисер на филмот го одбрале Емил Ардолино, кој ја освоил наградата од академијата во 1983 за документарецот, „Тој ми буди желба за танц“. Ардолино никогаш не режирал долгометражен филм, но бил екстремно возбуден за проектот, па дури пратил и порака од онаму каде што бил изолиран заради поротничка должност, инсистирајќи дека тој е правиот избор за режисер.

Тимот Готлиб, Бергстејн и Ардолино потоа ја презентирале нивната визија за филмот пред претседателот Вестрон, Џон Пејсинџер, и нивниот потпретседател за продукција, Мичел Канолд. До крајот на состанокот Пејсинџер дал „зелено светло“ за проектот, и тој станал првиот долгометражен проект на Вестрон продукцијата. Одобрениот филм бил финансиран со релативно низок износ од 5 милони долари, во време кога просечните трошоци за филм биле 12 милиони долари.

За кореограф, Бергстејн го одбира Кени Ортега, кој бил обучуван од легендарниот танчер Џин Кели. За локација на филмот не нашле погодно место во Кетскилс (многу од одморалиштата биле затворени во тоа време), па затоа се одлучиле за комбинација на две локации: езерото Лур во Северна Каролина, и Mountain Lake хотелот во Роаноук, Вирџинија, со внимателно уредување за да изгледа дека снимањето е остварено во иста област.

Улоги[уреди | уреди извор]

Режисерот Ардолино бил непопустлив да се одберат танчери кои знаат и да глумат, и не сакал да го користи „стенд-ин“ методот, кој бил користен во филмот Флешденс од 1983 година. За главната женска улога на Френсис „Бејби“ Хаусман, Бергстејн ја одбрала 26 годишната Џенифер Греј, ќерка на глумецот и танчерот Џоел Греј, добитник на Оскар за филмот Кабаре од 1972 година, која исто како и татко и била обучена танчерка. Потоа тие барале машка главна улога, првично размислувајќи за 20 годишниот Били Зејн, кој го имал саканиот визуелен изглед (првично ликот на Џони требало да биде Италијанец и да има темен егзотичен изглед), но почетните танцувачки тестови кога играл со Греј како партнер не ги исполниле очекувањата. Следен избор бил 34 годишниот Патрик Свејзи, кој бил забележан по неговите улоги во The Outsiders и Red Dawn, во кој глуми покрај Греј. Тој бил сезонски танчер со искуство од балетот Џофри. Продуцентите биле одушевени од него, но неговиот агент бил против таа идеја. Сепак, тој го прочитал сценариото, му се допаднал повеќеслојниот лик на Џони и ја прифатил улогата и Џони бил сменет од Италијанец во Ирец. Греј не била среќна од изборот, бидејќи таа и Свејзи тешко се сложувале во Red Dawn, но кога го извеле танцот на аудицијата, хемијата помеѓу нив била очигледна. Бергстејн ја опишува како „неверојатна“.

Другите избори на улоги биле Бродвејскиот глумец Џери Орбах како Д-р Џејк Хаусман, татко на Бејби; и Џејн Брукер како Лиза Хаусман, нејзината постара сестра. Бергстејн пробала да ѝ даде улога на нејзината пријателка, секс терапевтот, Д-р Рут Вестхајмер и да ја игра Г-ѓа Шумахер, и Џоел Греј како нејзин сопруг. Сепак, Вестхајмер се повлекла откако дознала дека дека нејзината улога вклучува и крадење. Улогата и се доделила на 79 годишната Паола Труман, а Греј не бил избран. Друга улога оди кај „Cousin Brucie“, радио лице од Њујорк и пријател на Бергстејн. Таа првенствено сакала тој да ја игра улогата на социјалниот директор, но подоцна го замолува да ја игра улогата на магионичарот. Улогата на социјалниот директор оди кај тогаш непознатиот Вејн Најт (подоцна познат по шоуата Сајнфелд и Третиот камен од сонцето). Улогата на мајката на Бејби првенствено била доделена на Лин Липтон, која се појавува на кратко во почетокот на филмот кога фамилијата Хаусман се паркира во Келерман Хотелот (таа е на предното седиште неколку секунди; нејзината руса коса е единствен доказ). Се разболува првата недела од снимањето и е заменета со глумицата Кели Бишоп, која веќе била избрана да ја глуми Вивиан Пресман, сексуално загреаната гостинка во одморалиштето. Бишоп ја презела улогата на Г-ѓа Хаусман, а аситентката на кореографијата на филмот, Миранда Герисон ја зела улогата на Вивиан.

Снимањето[уреди | уреди извор]

Валканиот Танц бил снимен на езерото Лур во Северна Каролина и Маунтајн Лејк во Вирџинија. Сцените на езерото Лур биле снимани во стариот машки камп, кој сега е приватна, станбена заедница позната како Фајрфлај Коув. Овие сцени ги вклучувале сите внатрешни сцени со играње, сцената како Бејби носи лубеница и вежба на познатите скали, кабините на Џони и кабините на персоналот, сцената со голфот каде Бејби го прашува татка си дали ќе и даде 250 долари, како и сцената со светско познатото „подигање“. Сцените снимени на Маунтајн Лејк ги вклучуваат сите сцени во мензата, хотелот Келерман, игрите на плажа, Пени како плаче во кујната и кабината на семејството Хаусман. Бидејќи летото веќе завршувало тесниот распоред дозволувал само две недели за проби и 44 дена за снимање. Екипата престојувала во истиот хотел во одморалиштето во Маунтајн Лејк во Пемброук, Вирџинија, како и во 1927 Лејк Лур Ин и Спа во Лејк Лур, Северна Каролина. Пробите брзо се претворале во диско забави вклучувајќи ги скоро сите членови од екипата, па дури и неиграчите како Џек Вестон.

Играњето и пиењето траело скоро нон-стоп и главните ликови Греј и Свејзи, соживеани со средината, почнале да се идентификуваат со нивните карактери. Бергстејн свесна за ова, ги охрабрува глумците да импровизираат во нивните сцени. Таа ја загрева сексуалната тензија и со тоа што изјавува дека без разлика на интимноста и „триењето“ на танцовите чекори, ниту еден од двајцата танчери да немаат никаков друг физички контакт помеѓу себе во наредните шест месеци.

Снимањето започнало на 5 Септември 1986 година, но е попречено од времето кое се движело од пороен дожд па до врела топлина. Надворешната температура се качувала до 105 °F (41 °C), а внатрешната температура, поради дополнителната опрема за камерите и осветлувањето која била потребна за снимањето, можела да достигне и до 120 °F (49 °C). Според кореографот Кени Ортега, еден ден се онесвестиле десет лица во рок од 25 минути снимање. Постарата Паола Труман колабирала и била однесена во локалната соба за итни случаи за да се лекува од дехидратација. Патрик Свејзи исто побарал посета на болница; инсистирајќи сам да ги изведува своите акробации тој неколкупати паѓал додека ја изведувал сцената со „балансирањето“ и го повредил коленото толку лошо, што морало да му се исцеди течноста од отокот.

Одложувањата во распоредот за снимање го поместиле снимањето во есента, при што декоратерите на сетот морале со спреј-боја да ги фарбаат листовите зелени. Некооперативното време тогаш тргнало во друга насока, движејќи се нагло од огромна топлина па сè до ниски 40 °F (4 °C), предизвикувајќи смрзнувачки услови за познатата сцена со капење во октомври. Екипата носела топли капути, ракавици и чизми. Свејзи и Греј се соблекле во лесна летна облека за по неколкупати да нурнат во ладната вода. Наспроти уживањето на нејзиниот карактер, Греј подоцна ја опишала водата како „застрашувачки“ ладна, и дека не би влегла во езерото да не била „млада и гладна“.

Релациите помеѓу двата главни ликови варирале во текот на продукцијата. Тие веќе имале проблем во соработката и во нивниот претходен проект, Red Dawn. Ги средиле работите толку колку да имаат позитивна оцена на аудицијата, но почетната соработка наскоро избледела и тие наскоро се расправале пред секоја сцена. Постоела загриженост помеѓу продукцискиот персонал дека неподносливоста помеѓу двете ѕвезди би го загрозило снимањето на љубовните сцени. Поради ова, продуцентот Бергстејн и режисерот Ардолино ги натерале звездите повторно да ја изгледаат нивната почетна аудиција - онаа со „неверојатната“ хемија. Со ова се постигнал саканиот ефект, Свејзи и Греј биле способни да се вратат на снимањето со обновена енергија и ентузијазам.

Режисерот Ардолино ги охрабрувал глумците да импровизираат, и често ги оставал камерите да снимаат иако глумците скршнувале од сценариото. Еден ваков пример е сцената каде Греј стои пред Свејзи со грбот свртена кон него, и ја става раката горе позади неговата глава, додека тој поминува со неговите прсти по нејзината рака (слично на позата која се наоѓа на филмскиот постер). Иако овој момент бил замислен како сериозен и нежен, Греј била исцрпена и потегот и бил скокотлив и не можела да прекине да се кикоти секој пат кога Свејзи го пробувал, без разлика колку пати Андролино барал да се повтори. Свејзи бил нестрплив да ја заврши сцената, и однесувањето на Греј му станало иритирачко. Сепак, продуцентите одлучиле дека сцената е добра каква што е и ја ставиле во филмот заедно со кикотењето на Греј и иритирачките гримаси на Свејзи. Таа станала една од најпопуларните сцени во филмот, излегувајќи на крајот, како што кореографот Кени Ортега вели „еден од најделикатните и најискрените моменти во филмот“.

Пост-продукција[уреди | уреди извор]

Снимањето завршува навремено и во рамки на буџетот на 27 октомври 1986 година. Но сепак, на никој од тимот не му се допаднало како бил склопен филмот, директорите на Вестром биле убедени дека филмот ќе биде неуспешен. Триесет и девет проценти од луѓето кои го гледале филмот не сфатиле дека абортусот е под-заплет. Во мај 1987 година, филмот му бил прикажан на продуцентот Арон Русо. Според директорот на Вестрон, Мичел Канолд, реакцијата на Русо на крајот на филмот била, „Изгорете го негативот, и соберете го осигурувањето“.

Дополнителни спорови се појавиле околу прашањето дали би се нашол некој корпоративен спонзор за да се промовира филмот. На трговците од Клирасил производите за акни им се допаднал филмот, кои на филмот гледале како средство за да допрат до помладата публика. Сепак, кога дознале дека филмот содржи сцена со абортус, побарале тој дел од заплетот да се отфрли. Бергстејн одбила и промовирањето на Клирасил отпаднало. На крајот, Вестрон самите го промовирале филмот и ја закажале премиерата за 16 август 1987 година. Директорите на Вестрон испланирале филмот да го пласираат во кината за викенд, а потоа да го пратат директно како домашно видео, бидејќи Вестрон пред филмската продукција бил во бизнисот со видео дистрибуција. Земајќи предвид на колку многу луѓе не им се допаднал филмот до тој момент, продуцентката Готлиб се присеќава на нејзините размислувања дека „Би била благодарна ако после премиерата на филмот луѓето не ми се дерат“.

Наследство[уреди | уреди извор]

Џенифер Греј во раните 90-ти направила операција на носот, со која го сменила нејзиниот нос и го направила нејзиното лице речиси непрепознатливо од нејзиниот карактер на „Бејби“. Сè до ден денес, таа не може да најде улога која може да се мери со успехот која таа го постигнала во Валкан танц.

Што се однесува до студиото, и покрај големиот финансиски успех на филмот, Вестрон е проследен од серии падови и банкротирање. Матичната компанија на Вестрон Вестрон Инк. банкротирала во 1990 година, и е купена во јануари 1991 година од Артисан Ентертејмент за 26 милиони долари. Правата на Валкан танц сега ги задржува Лајонс Гејт Ентертејмент која го купила Лајв Ентертејмент (од тогаш наречената Артисан Ентертејмент) во 2004 година.

Џери Орбах, веќе познат како успешен бродвејски глумец, продолжил во различни жанрови. Тој го позајмил гласот на свеќарникот „Лумиер” во анимираниот филм на Дизни, Убавицата и Ѕверот од 1991 година, пред да ја прифати неговата најпозната улога, детективот Лени Бриско во ТВ драмата „Закон и Ред“, во која тој глумел од 1992 сè до неговата смрт во 2004 година.