Брахиоцефалична артерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Артерија: Брахиоцефалична артерија
Gray506 mk.svg
Латински truncus brachiocephalicus
Gray's p.548
Започнува од аортен лак
Гранки десна заедничка каротидна артерија
десна потклучна артерија
MeSH Brachiocephalic+Veins

Брахиоцефалична артерија или брахиоцефалично стебло е артерија која со крв ја снабдува десната рака, вратот и главата. Таа е првата гранка на аортниот лак. Се дели на десна заедничка каротидна артерија и десна потклучна артерија. Не постои брахиоцефалична артерија на левата страна. Левата заедничка каротидна артерија и левата потклучна артерија излегуваат директно од аортниот лак.