Бошко Стефановиќ - Треф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бошко Стефановиќ
Роден 1925 година
Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал јули, 1943
Концентрационен логор Боти, Норвешка
Застрелан при обид да избега од логорот.

Бошко Стефановиќ - Треф ( 1925 во Скопје1943 во Норвешка) — македонски и југословенски партизан, борец за слобода на Југославија, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Татко му работел како служител во Хипотекарна банка. Основно училиште и еден клас трговска академија завршил во Скопје. Војната му го прекинала натамошното образование. Многу млад се вклучил во напредното движење. Во 1940 година станал член на СКОЈ. По окупацијата на земјата собрал поголемо количество експлозив и го чувал во својата куќа. Купил и машина за пишување но, окупаторот го протерал за Србија. По доаѓањето во Ниш го продолжил не само учењето во Трговската академија, туку и политичката дејност. Заедно со други активисти во училиштето создале многу силна скојевска организација. Кон крајот на 1941 година бил примен за член на КПЈ. Како комунист ги раководел скоевските активисти. Во 1942 година како последица на голема провала била затворен и одведен во полиција. Во мај 1942 година бил префрлен во концентрационен логор во Германија, а подоцна префрлен во злогласниот концентрационен логор Боти, во Норвешка. Во јули 1943 година се обидел да побегне од логорот, но при бегството бил убиен од Германците.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 303. На |first= му недостасува |last= (help)