Борба (весник)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Борба е прв весник, орган на македонската емиграција во САД (Чикаго, 1902 година).[1]

Излегувал двапати месечно и се испечатиле вкупно 15 броеви. Првиот број излегол на 15 октомври, 1902 година. Целта на весникот била да се создаде македонски комитет во емиграција и да му помогне на македонското ослободително дело. Весникот се застапувал за автономна Македoнија со паролата: Македонија на Македонците. Редакцискиот колегиум го воделе Марко П. Калаудов и Спас Шумков.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и д-р (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 85–86. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)