Богдан Шиндиловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Богдан Шиндиловски
Роден 27 јануари 1918
Прилеп, Кралство Србија
Починал 13 август 2003(2003-08-13) (возр. 85)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање композитор, музички педагог

Богдан Шиндиловски (27 јануари 1918 во Прилеп13 август 2003 во Скопје) — македонски композитор и музички педагог.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Уште како гимназијалец диригира со училишниот хор. По школувањето ги формира Градскиот мешан хор, Гимназискиот и Пионерскиот хор во Прилеп. Го основал и Музичкото училиште во Прилеп во 1949 година.

Подоцна компонирал, главно хорска музика (триесетина композиции) и музика за мандолински оркестри.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шкариќ“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1653. Text "series " ignored (help)