Благоја Здравковски

Од Википедија — слободната енциклопедија

(за другиот борец Благоја Здравковски, можете да прочитате овде)

Благоја Здравковски
Роден 1915 година
Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 12 април 1945 година
Мала Вашица, Србија

Благоја Здравковски ( 1915 во Скопје12 април 1945 во Мала Вашица, Србија) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Роден е во сиромашно градско семејство. Завршил основно училиште, а потоа станал општ работник.

На 12 септември 1944 година заминал во НОВ и ПОЈ. Стапил во 16 македонска ударна бригада со која учествувал во сите борби против балистите и Германците од Македонија до Косово. Потем во составот на 15 македонски корпус, заминал за Срем. По успешното свршување на обуката за ракување со новото оружје, на 12 април 1945 година, учествувал во големиот победоносен пробив на Сремскиот фронт. Таму и го положил својот живот, кај месноста Мала Вашица.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 63. На |first= му недостасува |last= (help)