Благоја Вујов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Благоја Димов Вујов ( 1901 во Бањане, Скопско1943 во Скопска Црна Гора, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Се занимавал со земјоделство и чување на добиток. При формирањето на двата скопски одреди, неговото село им пружило сестрана поткрепа, особено во храна и материјали. Еден ден во 1943 година Благоја вршејќи една таква задача не се вратил дома од Скопска Црна Гора. Бил убиен веројатно од контрачетите (бугаромани). Гробот не му е пронајден.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 41–42. На |first= му недостасува |last= (help)