Блага Петроска
Блага Петроска | ||
Родена | 1 март 1939 Букурешт, Романија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Позната | универзитетски професр, социолог | |
Занимање | универзитетска професорка, социолог |
Блага Петроска (1 март 1939 во Букурешт) — македонски социолог и универзитетска професорка на Филозофскиот факултет во Скопје.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Основно и средно образование завршила во Букурешт, Романија, каде што ги започнала и студиите по филозофија. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје во 1954 година и докторирала од областа на социолошките науки на истиот факултет на тема „Типови и облици на семејството во Тетовскиот крај“ во 1965 година. Била избрана за асистент, за предавач, за доцент, за вонреден и за редовен професор по предметот општа социологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Неколку мандати била раководител на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а еден мандат декан на истиот факултет (1977-1979). Објавила поголем број научни трудови од областа на социологијата.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Петрушев-Чикото“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1151. Text "series " ignored (help)