Би-би-си

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого кое се користи од 4 октомври 1997 година

Британската радиодифузна корпорација (Би-би-си) е Британска јавна радиодифузна корпорација со седиште во Лондон,Обединетото Кралство. Таа е најголемата радиодифузна корпорација во светот со околу 23000 вработени лица.Главна одговорност е делумно да обезбеди јавен радиодифузен сервис во Обединетото Кралство,Каналските Острови и островот Ман. БиБиСи е полуавтономен јавен радиодифузен сервис кој работи во рамките на Кралската повелба,со добиена лиценца и договор од Министерството за внатрешни работи.Во рамките на Обединетото Кралство,корпорацијата е финансирана главно од годишна телевизиско радиодифузна такса, која се наплаќа во сите британски домаќинства,компании и организации коишто користат каков било тип на опрема за снимање или емитуваат емисии во живо;големината на таксата,која е одобрена од Парламентот, се поставува годишно од страна на британската влада. Надвор од Велика Британија, БиБиСи обезбеди услуги со договорите за директно емитување и реемитување на радиото, се од свеченото отворање на БиБиСи империјата за услуги во декември 1932 година,а од неодамна и со телевизијата и со интернетот.Иако светскиот сервис има посебен управен директор и трошоците се финансирани главно од директните донации на британската влада корпорацијата споделува некои од објектите на домашните услуги, поточно за вести и за тековни настани.Овие субвенции се одредуваат независно од домашната радиодифузна такса и обично се доделени од буџетот на Министерството за надворешни работи.Како такви,меѓународните содржини на БиБиСи традиционално претставуваат-барем делумно- важечка алатка на политиката на британската влада.Со неодамнешниот извештај на трошење на Светскиот сервис на БиБиСи, беа објавени плановите со кој Светскиот сервис ќе биде лишан од домашната радиодифузна такса.Корпорацискиот загарантиран приход од радиодифузната такса и субвенцијата на Светскиот Сервис се надополнети од профитот на комерцијално работење на компанијата низ целиот свет.БиБиСи исто така заработува дополнителни приходи од продажбата на програмски услуги преку БиБиСи студиото и пост продукцијата ЛТД, некогаш познато како ‘’BBC Resources Ltd’’, уште една компанија која е во целосна сопственост на корпорацијата.Повеќето од спијанијата и книгите на БиБиСи беа продадени во 2011година.БиБиСи понекогаш се нарекува "Auntie" или "the Beeb". "Auntie" се користи како "сестрата"на БиБиСи корпорацијата,односно на австралиската радиодифузна корпорација.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

БиБиСи беше првата национална радиодифузна организација.Таа е основана на 18 Октомври 1922година како ‘’British Broadcasting Company Ltd’’ од страна на британската Пошта и група од шест телекомуникациски компании-Marconi Radio Communication Company, Metropolitan-Vickers (MetroVick), General Electric, Western Electric, and British Thomson-Houston (BTH)- да емитуваат и експериментираат со радио услугите.Првиот пренос беше на 14 ноември истата година, од станицата 2LO,сместена во куќата на Маркони,Лондон.Таа година Џон Рит стана нејзин генерален менаџер. Во 1923 година комитетот Сајкс одби рекламирање бидејќи тоа ќе резултирало со намалување на стандардите, и препорача радиодифузен таксен фонд.За да се избегне конкуренцијата со весници, ‘’ Fleet Street’’ ја убеди владата да се забранат вести до 07:00, за БиБиСи да може да користи вести од други извори наместо да прикажува свои.До 1925година БиБиСи го следат 80% од Британците преку мрежа на регионални и релеј станици. Додека регионалните станици најпрвин понудија многу локални програми, до 1930година Националната програма од Лондон, и Регионалната програма од Лондон и неколку регионални градови, за тоа време БиБиСи го замени локалното радио.

GPO не беше спремен да ги собере трговските радиодифузни такси, додека пак финансиските загуби на БиБиСи предизвикаа производителите да посакаат да го напуштат здружението.Во 1925, Рит ја убеди другата комисија предводена од Ерл Крафорд да препорача нова суштина,која ќе биде независна и од владата и од корпорацијата и ќе спроведува емитување.Во 1926година генералниот штрајк го попречи објавувањето на весниците така што привремено стави крај на забраната за новинарско известување, при што рамноправната застапеност на штрајкувачите и на владините ставови за време на националната криза инпресионира милиони слушатели.Во 1926година владата ги прифати препораките на Комитетот на Крафорд и Рит беше прогласен за витез.На 1 јануари 1927година ‘’British Broadcasting Corporation’’ основана под повелбата Ројал,и со Рит како генерален директор којшто стана наследник на бизнисот. За да ја претстават својата цел и (одредени) вредности, Корпорацијата го усвои својот грб, вклучувајќи го мотото ‘’Нацијата ќе се залага за мир’’.Мотото главно му се препишува на Монтеки Џон Рендал,поранешен директор на колеџот во Винчестер, и член на првиот БиБиСи одбор на гувернери. Мотото се вели дека е" умесна адаптација" на Миха 4: 3 "Државата нема да крене меч против народот".

Во 1932година беа започнати експериментални телевизиски емитувања со помош на 30 линискиот систем развиен од страна на Џон Лоџ Берд.Емитувањето на редовни програми користејќи го овој систем започна во 1934година, со проширена служба(моментално именуван како БиБиСи телевизиска служба) започнати од страна на Александра Палас во 1936година, со избор помеѓу подобрениот 240линиски систен на Берд или електонските 405 линии на Маркони-ЕМИ системот.Супериорноста на електронскиот систем беше причината на опаѓањето на механичкиот систем во почетокот на следната година

Од 1939 до 2000[уреди | уреди извор]

Телевизиското емитување е суспендирано од 1 септември 1939 година до 7јуни 1946година,за време на Втората светска војна.Широкор распространет мит е дека,по продолжувањето на услугата,Лесли Мичел започна со "Како што реков, пред грубо да не прекинат... "Всушнос,првиот човек што се појави кога продолжи емитувањето беше Јасмин Блај и нејзините зборови беа "Добар ден на сите.Како сте?Дали се сеќавате на мене,Јасмин Блај " Европската радиодифузна унија е формирана на 12 февруари 1959година во Турција помеѓу БиБиСи и други 23 радиодифузни организации.[2]

Конкуренцијата на БиБиСи започна во 1955година со независната телевизиска мрежа на ITV.Сепак монополот на БиБиСи за радио услугите ќе трае сè до 1970-те.Како резултат на извештајот од комитетот Пилкингтон во 1962година, во која БиБиСи беше пофален за квалитетот и опсегот на своето производство, и ITV беше силно критикуван за не доволното обезбедување на квалитетно програмирање, во 1964година беше донесена одлука за доделување на БиБиСи втор телевизиски канал, БиБиСи2, при што се преимениле постоечките услуги во БиБиСи1.БиБиСи2 ја користат поголемата резолуција од 625 линии која што е стандардизирана во Европа.БиБиСи2 првпат емитуваше во боја од 1 јули 1967година, а му се приклучија и БиБиСи1 и ITV на 15 ноември 1969година.405 линискиот VHF пренос на БиБиСи1 (и ITV) продолжи со компатибилноста со постари телевизиски приемници сè до 1985година.Во 1964година се отворија серија на пиратски радио станици (почнувајќи со радио Каролина) и ја принудија британската влада конечно да ги регулира радио услугите за да овозможи национално рекламни финансирани услуги.Како одговор на тоа,БиБиСи се реорганизира и ги преименува радио каналите. "Лесните" програми се поделени на Радио 1,кое што постојано нуди популарна музика и Радио 2 која што нуди по опуштена музика. Третата програма стана Радио 3 понудувајќи класична музика и културни програми.

Домашната програма стана Радио 4 која што нуди вести и не музички содржини како што се квизовите, драмите и претставите.Во 1967година освен четирите национални канали,беа основани и серија на локални BBC радио станици,вклучувајќи го Радиото Лондон. Во 1974 е воведена телетекст услугата на БиБиСи, Ceefax,создадена да обезбеди титлување(поднаслови),која што подоцна се користи за вести и информативни услуги.Во 1978 вработените на БиБиСи започнаа штрајк со блокирање на преносот на двата канали,соединувајќи ги сите 4 радио станици во една.

Како резултат на либерализацијата на телевизијата и радио пазарот во Велика Британија во 1980година, БиБиСи се соочува со зголемена конкуренција од комерцијалниот сектор( и од радиодифузниот сервис Канал4),а особено од сателитската телевизија, кабловската телевизија и дигиталните телевизиски услуги. Дирекцијата за истражување на БиБиСи одигра голема улога во развојот на техниките на емитувањето и снимањето.БиБиСи исто така беше одговорен за развој на NICAM стерео стандардот.

Во последниве децении,се отворени голем број на дополнителни канали и радио станици : Радио 5 започна со работа во 1990година како спортска и образовна станица,но во 1994година беше заменета со ‘’Radio 5 Live’’, следејќи го успехот на Радио 4 прикривајќи ја во 1991година војната на заливот.Новата станица известува за спотрски настани и вести.Во 1997година,каналот БиБиСи Вести 24 започна со користење на дигитални телевизиски услуги и следната година, БиБиСи отвори нов,трет забавен канал.БиБиСи исто така го купија и Парламентарниот канал, којшто е преименуван во БиБиСи парламент. Во 1999година, БиБиСи беше препознатлив како мултимедиумски канал, со услуги достапни на новиот БиБиСи дигитален телетекст,и на интернет. Каналот имаше образовна цел, којшто подоцна емитуваше документарни филмови.

Од 2000 до 2011[уреди | уреди извор]

Во 2002 година, беа создадени нови канали :’’ BBC Knowledge’’ е преименувана во ‘’BBC Four’’ и стана документарен канал. Освен тоа, детскиот канал ‘’CBBC ‘’е поделен на ‘’CBBC’’ и ‘’CBeebies’’ со нови услуги за дигитални канали :каналот ‘’CBBC ‘’ и каналот ‘’CBeebies ‘’.[3] Во прилог на телевизиските канали, создадени се нови дигитални радио станици : ‘’1Xtra ‘’, ‘’6 Music‘’ и ‘’BBC7 ‘’. ‘’BBC 1Xtra‘’ е ’’сестрата’’ на’’ Radio 1’’ спезијализирана за модерна црнечка музика, ‘’BBC 6‘’ специјализирана за алтернативни музички жанрови и‘’ BBC7‘’ специјализирана за говорот и детското програмирање.[4]

Следните неколку години резултираа со преместување на неколку од каналите во поголем бренд : во 2003, BBC Choice стана BBC Three, со програми за помладите генерации и шокантни докоментарци од реалниот живот, BBC News 24 во 2008 стана BBC News Channel, и BBC Radio 7 во 2007 стана BBC Radio 4 Extra, со нови програми за да ги надополнат емитувањата на Radio 4.Во 2008 година беше создаден уште еден канал, BBC Alba, со шкотски услуги.

Во 2004 година извештајот и истрагата на Хатон покренаа прашања за новинарските стандарди на БиБиСи и неговата праведност. Ова доведе до оставки во повисокото раководство, вклучувајќи го тогашниот генерален директор Грег Дајк. Во јануари 2007година,на средбата во одборот беше објавен записникот што доведе до оставка на Грег Дајк. За разлика од другите оддели на БиБиСи, светскиот сервис на БиБиСи е финансиран од Министерството за надворешни работи. Министерството за надворешни работи,познато како ‘’Foreign Office’’ на’’ FCO’’, е британски владин оддел одговорен за промовирање на интересите на Обединетото Кралство во странство. Во изминатите неколку години БиБиСи експериментираше со HD телевизијата. Во 2006година БиБиСи HD започна како експериментална програма а во 2007година стана и официјална. HD каналот комбинирано ги пренесува програмите на BBC One, Two, Three и Four

Од 2011 до денес[уреди | уреди извор]

По замрзнувањето на радиодифузната такса во октомври 2010 година, понатамошни намалувања беа објавени на 6 октомври 2011година за да БиБиСи може да достигне вкупно намалување на нивниот буџет од 20%.Во ова е вклучено намалување на 2000лица од персоналот, и испраќање на уште 1000 за развој на ‘’MediaCityUK’’. Бројни објекти на БиБиСи треба да бидат продадени,вклучувајќи ја New Broadcasting House во Манчестер и БиБиСи телевизискиот центар во Лондон,со поделени одделенија помеѓу радиодифузната куќа и MediaCityUK.

Управување[уреди | уреди извор]

БиБиСи е корпорација чиишто активности се надгледувани од страна на БиБиСи Trust (поранешен Одбор на гувернери) и е независна од владата.Управувањето на корпорацијата е во рацете на генералниот директор,кој е назначен од Trust; тој е главен уредник на БиБиСи и претседава со Управниот одбор.

Договор[уреди | уреди извор]

БиБиСи работи под Кралска Повелба,[5] со моменталниот договор кој стапи на сила на 1 јануари 2007 година и трае сè до 31 декември 2016 година. Кралската Повелба се ревидира на секои 10 години.

Повелбата од 2007 година назначува дека мисијата на корпорацијата е да "информира, образова и забавува". Во повелбата се вели дека корпорацијата постои за да служи на јавниот интерес и да ги промовира своите јавни цели :поддржување на државјанството и граѓанското општество, промовирање на образованието и учењето,ги поттикнува креативноста и културната совршеност, ја претставува Велика Британија, народот, регионите и заедниците, ја носи Велика Британија кон светот,и светот кон неа, помага да се достави до јавноста предноста на комуникациските технологии и услуги, како и преземање на водечката улога во преминот на дигиталната телевизија.

Оваа повелба исто така создаде голема промена во управувањето на корпорацијата. Го укина понекогаш контроверзното управно тело, Одборот на гувернери, го замени со BBC Trust и го официјализираше Извршниот одбор. Во согласност со кралската Повелба, БиБиСи мора да добие дозвола од Министерството за внатрешни работи.Оваа лиценца е придржувана со договор кој ги поставува условите под кои БиБиСи има дозвола да емитува. Под овој договор и лиценца беше кога Шин Фејн спроведе забрана за емитување од 1988 до 1944година.

Фондот на БиБиСи[уреди | уреди извор]

БиБиСи фондот беше формиран на 1 јануари 2007 година, заменувајќи го Одборот на гувернери како раководно тело на корпорацијата. Фондот ја утврдува стратегијата на корпорацијата,ја оценува ефикасноста на обезбедувањето услуги на Извршниот одбор на БиБиСи, и назначува генерален директор. Старателите на БиБиСи се назначени од страна на британската монархија кои се советувани од владините министри.Во моментов постојат десет старатели, на чело со претседателот,Лорд Патен од Барнс и заменик-претседателот Дајан Којл. Постојат старатели на четирите составни делови ина Обединетото Кралство; Англија (Алисон Хестингс), Шкотска ( Бил Метјуз), Велс ( Елан Клос Стивен) и Северна Ирска ( Рота Џонсон). Останатите четири старатели се Ричард Ајри, Антони Фрај, Давид Лидимент и Мехмуда Миан.

Извршен Одбор[уреди | уреди извор]

Џон Рид 1927-1938
Фридрих Огилви 1938-1942
Сесил Грејвс 1942-1943
Роберт В.Фут 1942-1944
Вилијам Хејли 1944-1952
Ијан Џејкоб 1952-1959
Хју Грин 1960-1969
Чарлс Куран 1969-1977
Ијан Трендхован 1977-1982
Аласдир Милн 1982-1987
Михаил Чекланд 1987-1992
Џон Бирт, Барон Бирт 1992-2000
Грег Дук 2000-2004
Марк Томпсон 2004-2012
Џорџ Ентвисел 17 September 2012 to 10 November 2012
Тим Дејви 11 November 2012 to present Тони Хол,Барон Хол 22 November 2012

Список на Генерални директори на БиБиСи}}

Извршниот одбор е одговорен за оперативно управување и испорака на услуги,поставени од страна на БиБиСи фондот, и е предводен од генералниот директор, Џорџ Ентвисел, кој беше назначен на 17 септември 2010 година. Извршниот одбор се состои и од извршни и од неизвршни директори, при што неизвршните директори потекнуваат од други компании и корпорации и се означени од страна на БиБиСи фондот. Управниот Одбор е составен од генерален директор којшто е шеф и на другите одделенија на БиБиСи, со исклучок на ‘’BBC North Group’’.

Покрај овие членови, исто така постојат пет неизвршни директори,тие се Маркус Агиус, постар неизвршен директор и претседател на Barclays; Сели Дејвис, поранешен извршен директор на BT Wholesale; Д-р Мајк Линч OBE, соосновачот и извршен директор на Autonomy Corporation; Даме Фиона Рејнолдс, генерален директор на National Trust ; Брајан МекБрајб, поранешен управен директор на Amazon.com и Симон Бурк не-извршен директор. Корпоративна Структура

Корпорацијата е предводена од генерален директор, кој има целосна контрола врз управувањето и водењето на БиБиСи. Потоа следи BBC Direction Group, што се занимава со внатрешни прашања и со сите други задачи коишто Извршниот Одбор ги овластува.Под BBC Direction Group се следните седум одделенија коишто го прикриваат производството на БиБиСи 1. ‘’BBC Vision’’ е задолжен за телевизијата на БиБиСи, за наредби и производство на телевизиски програми, за операции како што се ‘’BBC Natural History’’ и исто така вклучува и БиБиСи Архива. 2. BBC Audio & Music е задолжен за радиото на БиБиСи и музички содржини во склоп на БиБиСи, вклучувајќи ја и музичката област на БиБиСи што се наоѓа на интернет, за музичките програми на БиБиСи, за настани како што се ‘’BBC proms’’ и бројни оркестри како што е филхармонијата на БиБиСи. 3. BBC Future Media е задолжен за дигиталното производство, како што се BBC Online, the BBC iPlayer, BBC Red Button service и за развој на нови технологии преку BBC Research & Development. 4. BBC Operations ги вклучува поранешниот BBC People department задолжен за заштита на вработените, Technologies department, којшто претходно бил дел од BBC Future Media, и BBC Marketing, Communications and Audience.Одделот како целина се грижи за вработените, за одржување на објектите, за стратегијата,политиката, проектите, сопственоста, правни работи, маркетинг и за нормалното функционирање на корпорацијата од ден за ден. 5. BBC Finance & Business управува со корпорациските трошоци, со долгорочните бизнис планови и со радиодифузните такси. Тие, исто така доделуваат и буџети на различни оддели. 6. BBC News Group управуваат со целата BBC News операција, вклучувајќи национални, регионални и меѓународни дејствувања. Тие се задолжени за сите телевизиски,радио и интернет извештаи во сите операции. Тие се одговорни за БиБиСи Шкотска, БиБиСи Северна Ирска, БиБиСи Cymru Wales, BBC English Regions и за BBC Global News division. 7. BBC North group ги вклучува сите сектори врз основа на MediaCityUK.Содржи сектори како што се BBC Sport, BBC Children's, BBC Radio 5 Live и некои делови на BBC Learning. Многу одделенија припаѓаат и на други сектори, како што е BBC Radio 5 кое е исто така дел од BBC Audio & Music. Сите аспекти на БиБиСи спаѓаат во една или повеќе од горенаведените институции, со следниве исклучоци : -BBC Trust е одделен сектор, и дел од нивната работа е да ја следат работата и одделите во корпорацијата. Другите три оддели,поради нивната комерцијална природа се самостојни. -BBC Worldwide Ltd. Работи со меѓународни канали и експлоатира програмски брендови за да добие дополнителни приходи за програмите на БиБиСи. Одделот на BBC World News дистрибуиран од страна на BBC Worldwide, но е сепак посебен. Има блиски врски со BBC News group, но не е регулиран од него. - BBC Studios и Post Production е исто така посебен оддел и официјално поседува и управува со некои од објектите на БиБиСи, како што е BBC Television Centre

Финансии[уреди | уреди извор]

БиБиСи го има вториот по ред најголем буџет од сите радиодифузери во Велика Британија со тековни трошоци од £4.808 билиони во 2011/12, во споредба со £5.9 билиони на British Sky Broadcasting, £1.9 билион на ITV и £214 милиони во 2007година на GCap Media (најголемиот комерцијален радиодифузер).

Приходи[уреди | уреди извор]

Главните средства за финансирање на БиБиСи се преку телевизиската лиценца коишто чинат £145.50 годишно по домаќинство од април 2010година.Таква лиценца е потребна за да БиБиСи може да се емитува низ цела Велика Британија, но за да поседуваш телевизија за други потреби или радио, не е потребна таква лиценца. Цената на една таква телевизиска лиценца е одредена од страна на владата и применета со кривичен закон. Попуст е достапен само за домаќинства кои имаат црно-бели телевизори. 50% попуст е понуден на слепите. Како резултат на неодамнешниот извештај за трошоци на Владата на Велика Британија е постигнат договор помеѓу владата и компанијата на која што радиодифузната такса ќе остане замрзната сè додека Кралската Повелба не биде обновена во почетокот на 2017. Приходите се собираат во тајност и се исплаќаат во консолидираниот фонд на владата, процес што е дефиниран со комуникацискиот акт во 2003 година. Ова телевизиско овластување го врши Капита, која што е странска агенција. Средствата потоа се распределуваат од страна на Одделот за култура, Медиуми и Спорт (DCMS) и Министерството за финансии, а се одобрени преку законодавство од страна на Парламентот. Одделот за работа плаќа дополнителни приходи за да компензира за субвенционирани лиценци за право на над 75-годишниците. Приходот од трговските претпријатија и од продажбите на многубројните канали значително се зголеми во последниве години, BBC Worldwide му придонесе £145,000,000 на главниот ‘’БиБиСи’’ јавен сервис. Според годишниот извештај на БиБиСи во 2011/2012година приходите можат да се разложат вака : - £3,606.3 милиони евра од лиценци за такси собрани од домаќинствата; - £222 милиони од комерцијални бизниси на БиБиСи ; - £279.4 милиони од владини субвенции ; - £271.9 милиони од други приходи, како што се обезбедување на содржина за странските радиодифузери и од продажба на билети за концерти Сепак, радиодифузната такса привлече доста критики. Се расправа дека во ера на повеќеканална достапност, обврската за плаќање на радиодифузна такса веќе не е потребна. Користењето на компанијата Капита од страна на БиБиСи за да испрати писма до оние што не ја платиле радиодифузната такса беше критикувано, особено како што имало случаи таквите писма да се испратени до оние кои се веќе во тек со нивните плаќања, или на коишто воопшто не им е потребна ТВ лиценца. БиБиСи користи рекламна кампања за информирање на корисниците, на обврската за плаќање на радиодифузна такса. Овие реклами беа критикувани од страна на конзервативните пратеници Борис Џонсон и Ен Видкомб, за имање на заканувачка природа и јазик со кој ги плашат оние што избегнуваат да платат, да го сторат тоа. Разни видеа и телевизиски емитувања се користат за да се информираат слушателите за севкупните податоци што ги има БиБиСи. Постојат голем број на луѓе кои со своите кампањи вршат притисок врз прашањето за радиодифузната такса.

Главен штаб и регионални канцеларии[уреди | уреди извор]

Радиодифузната куќа во Портланд, Лондон, е официјалниот штаб на БиБиСи. Ова е дом на три од десет БиБиСи национални радио мрежи, БиБиСи Радио 3, БиБиСи Радио 4 и БиБиСи Радио 4 Екстра. Пред зградата има статио на Просперо и Ариел, ликови од претстава на Вилијам Шекспир ‘’Бура’’ направени од Ерик Гил. Реновирањето на радиодифузната куќа започна во 2002 и е претпоставено да заврши во 2012година. BBC Television и BBC News се сместени во BBC Television Centre, објект изграден со намера кој е втор по ред изграден објект во Лондон. Овој објект во текот на годините е домаќин на голем број познати личности, и неговата слика и име е позната кај голем број граѓани. Како дел од големата реконструкција на имотот на БиБиСи, целата операција на BBC News се очекува да биде преместена од " News Centre" кое се наоѓа во " BBC Television Centre" во обновената Broadcasting House за да го создаде она што се опишува како " еден од најголемите светски радиодифузни центри ". По завршувањето на реконструкцијата, " Broadcasting House" исто така ќе биде дом на повеќе национални радио станици и на " BBC World Service".

Поголемиот дел од овој план вклучува уривање на два повоени објекти како продолжеток на зградата и доградба дизајнирана од страна на Сер Ричард МекКормак на MJP архитекти. Овој потег ќе биде сконцентриран на операциите на БиБиСи во Лондон, овозможувајќи да го продадат телевизискиот центар, кој се очекува да биде завршенм до 2015година. Во прилог на горенаведеното, БиБиСи е во процес на изработка и производство на повеќе програми надвор од Лондон. Ова вклучува производство на повеќе програми во продукциските центри како што се Белфаст, Глазгов, Кардиф и особено Манчестер. Како дел од планот, неколку сектори, вклучувајќи ги, BBC Sports, BBC Children's, Radio 5 Live, BBC Breakfast и BBC Philharmonic се преселија или во Лондон или во новата радиодифузна куќа, во Манчестер. Така што MediaCityUK ќе стане најголемата компанија по бројот на вработени надвор од Лондон.

Покрај двете главни локации во Лондон (‘’Broadcasting House’’ и ‘’White City’’) во Велика Британија постојат седум производствени центри на БиБиСи, главно специјализирани за различни области. Радиодифузната куќа Кардиф е дом на ‘’BBC Cymru Wales’’ која е специјализирана за драма. Отворена од октомври 2011 година, содржи 7 нови студија,a Roath Lock е познат по изработката на ‘’Doctor Who’’ и ‘’Casualty’’ Радиодифузната куќа во Белфаст, дом на БиБиСи Северна Ирска, е специјализирана за оригинална драма и комедија, и има соработувано со многу ко-продукции со независни компании а особено со RTÉ во Република Ирска. БиБиСи Шкотска, со седиште на кејот на Тихиот Океан, Глазгов е голем производител на програми за мрежата, вклучувајќи неколку квиз емисии. Во Англија,некои поголеми региони исто така произведуваат програми.

Најголемиот "центар" на БиБиСи е BBC North West. Во моментов тие ги произведуваат сите верски и етички програми на БиБиСи, како и други програми како што се "A Question of Sport", сепак сето ова е за да се спојат и прошират во рамките на "BBC North project", во кој е вклучено регионот да се премести од новата радиодифузиска куќа,во Манчестер во "MediaCityUK". БиБиСи исто така управува со неколку центри кои се занимаваат со собирање на разни вести и информации,сместени на различни локации низ светот, коишто ги опфаќаат вестите од тој регион со национални и меѓународни вести.

Услуги[уреди | уреди извор]

Телевизија[уреди | уреди извор]

БиБиСи управува со неколку телевизиски канали во Велика Британија од кои BBC One и BBC Two се едни од водечките канали. Во прилог на овие два водечки канали БиБиСи управува и со неколку дигитални станици : ‘’BBC Three‘’, ‘’BBC Four‘’, ‘’BBC News‘’, ‘’BBC Parliament‘’, два детски канали, ‘’CBBC ‘’ и ‘’CBeebies ‘’. Дигиталната телевизија во Велика Британија, моментално е најрасространета која има аналоген пренос што ќе биде исфрлен од упореба до декември 2012година. BBC One е регионализиран ТВ сервис кој обезбедува емитување во текот на денот на локални вести и други локални програми. Овие варијација е поизразена во BBC 'Nations' односно во Северна Ирска, Шкотска и Велс, каде што распоредот на програмите во голема мера се разликува од другите на мрежата. Постојат различни промени во BBC Two,но сепак регионите во Англија денес ретко ја имаат можноста да не учествуваат во сето ова бидејќи регионалните програми постојат само на BBC One, и откажувањето не е возможно во региони кои веќе се имаат префрлено на дигитална телевизија. BBC Two е првиот канал кој беше пренесуван на 625 линии во 1964година, а потоа во 1967година го направиле во боја. BBC One ќе им се приклучи во 1969година. Новиот шкотски телевизиски канал, ’’BBC Alba’’, беше пуштен во употреба во септември 2008година. Тоа е исто така првиот повеќе жанровски канал којшто е од Шкотска и со речиси сите свои програми направени таму. Услугата прво беше достапна само преку сателит, но од јуни 2011 година каналот е достапен за гледачите во Шкотска на Freeview и на кабловската телевизија. БиБиСи исто така има и HD канал, БиБиСи HD, којшто беше пуштен во употреба на 9јуни 2009година, проследено со 12 месечно судење за емитувањето. Тој стана прописен канал во 2007година, со HD програми кои се емитуваат на главната мрежа или како репризи. Корпорацијата веќе многу години произведува програми, и изјави дека се надева да произведе 100% нови програми во HDTV до 2010година. На 3 ноември 2010година, беше пуштен во употреба овластениот HD канал BBC One HD.

Во Република Ирска, Белгија, Холандија и Швајцарија, БиБиСи каналите се достапни на голем број начини. Во овие земји дигиталните и кабелските оператори носат голем број на БиБиСи канали меѓу кои се BBC One, BBC Two and BBC World News, иако гледачите во Република Ирска може да добијат услуги преку 'overspill' од предавателите во Северна Ирска или Велс, или преку "deflectors"- предаватели во Републиката кои реемитуваат преноси од Велика Британија, или од дигитален сателит. Од 1975година БиБиСи им ги понуди своите ТВ програми на британските сили на радиодифузни услуги (BFBS), овозможувајќи им на членовите на воената служба на Велика Британија коишто служат во странство да ги гледаат и слушаат на два посебни канали. Од 2008година сите канали на БиБиСи се достапни на интернет преку услугата на BBC iPlayer. Оваа пособност беше успешна по неколку екперименти на интернет во живо,вклучувајќи директно поврзување на интернет на одредни канали во Велика Британија.

Радио[уреди | уреди извор]

БиБиСи има десет национални радио станици, шест станици го покриваат регионот на БиБиСи а бројни други ги покриваат локалните региони во Англија. Од десет национални станици, пет се главни станици и се достапни на FM, DAB и на интернет. Тие се BBC Radio 1, нуди нова музика, популарни стилови и е препознатлива по интересните шоуа ; BBC Radio 2, радио за постарата генерација, меѓу многуте жанрови има исто така кантри и соул музика ; BBC Radio 3, пушта класична и џез музика ; BBC Radio 4, известува за вистинити тековни настани, драма,комедии и BBC Radio 5 Live, емитува вести 24 часа, спорт и емисии. Во прилог на овие пет станици, БиБиСи поседува дополнителни станици кои се емитуваат само на DAB и на интернет. Овие станици се дополнија и проширија како резултат на главните пет станици, а беа пуштени во употреба во 2002година. Станицата BBC Radio 1Xtra која што е слична на Radio 1, емитува црнечка музика и урбани песни. Станицата BBC Radio 5 Live Sports Extra слична со 5 Live емитува спортски анализи, вклучувајќи и емитување на спортски настани. BBC Radio 6 Music нуди алтернативни музички жанрови и е позната како платформа за нови уметници. BBC Radio 7 подоцна е преименувана во BBC Radio 4 Extra, емитува драми, комедии и програми за деца. По промената на Radio 4 Extra, програмите за деца се намалени во корист на драмите и комедиите. Покрај тоа, новите програми како надомест за Radio 4 се Ambridge Extra, и Desert Island Discs revisited. Последната станица е BBC Asian Network, која што емитува музика, емисии и вести.

Освен националните станици БиБиСи исто така има и регионални станици. Во Обединетото Кралство шест станици опфаќаат големи региони. Во Шкотска тоа се BBC Radio Scotland и BBC Radio nan Gaidheal која што емитува програми во Шкотска. Во Велс тоа се BBC Radio Wales и BBC Radio Cymru, коишто емитуваат програми во Велс.Покрај тоа,во Англија и Каналските острови постојат 40 локални БиБиСи радио станици кои обично покриваат одредени градови и нивни околни области ( како што е BBC Radio Bristol), за окрузи, или региони (како што е BBC Three Counties Radio), или географски одлики ( како што се BBC Radio Solentcovering the South Coast). Како дел од локалното радио на БиБиСи, БиБиСи исто така емитува и на Каналските острови, коишто искрено не се дел од Обединетото Кралство, преку своите вести на телевизија и преку BBC Guernsey и BBC Radio Jersey. Овие услуги се финансирани од лиценцирани такси кои се собрани од населението. Сепак, и покрај ова, БиБиСи не нуди услуги на Островот Ман, првенствено затоа што на островот веќе се емитува популарната и повеќегодишна независна комерцијална станица, Manx Radio. За публиката од целиот свет, БиБиСи обезбедува вести, тековни настани и информации на 28 јазици, вклучувајќи го и англискиот, и е достапен во повеќе од 150 главни градови. Во целиот свет се емитува на shortwave radio, DAB и на интернет, и неделно има околу 180милиони слушатели. Од 2005година, исто така е достапен на DAB и во Велика Британија, чекор којшто претходно не е преземен, поради начинот на којшто се финансира. Услугата е финансирана од Парламентот и спроведена од страна на Министерството за надворешни работи, но сепак според Владините извештаи на трошоците во 2011година, ова финансирање ќе престане, и за првпат финансиите ќе одат преку радиодифузна такса. Во последните години услугите на светско ниво се намалени, услугите во Тајланд и во Источна Европа прекинаа во 2006година, а ресурсите се пренасочени во новата БиБиСи Арапска телевизија. Историски гледано, БиБиСи е единствениот законски радио дифузер со седиште во Велика Британија до 1976година, сè до моментот кога University Radio York (URY), тогаш под името Radio York, беше пуштена во употреба како прва, а сега и најстара, правна и независна радио станица во земјата. Сепак БиБиСи пред ова не уживаше во целосен монопол сè додека не се појавија неколку станици како што се Radio Luxembourg, кое што од 1930година емитува програми на англиски во Велика Британија и Manx Radio од островот Ман кое што почна со емитување во 1964година. Денес БиБиСи сè уште ги има најпопуларните радио станици, при што BBC Radio 2 во 2006година е најкористена станица на мрежата и најпопуларна во земјата со 12.900.000 слушатели неделно.

Програмите на БиБиСи се исто така достапни во други земји. Од 1943 година, БиБиСи на британските сили им овозможи радио и телевизиски програми, кои се емитуваат во земји каде што се стационирани британските војници.Исто така BBC Radio 1 се пренесува во САД и Канада преку Sirius XM Radio ( но само преку интернет) БиБиСи е покровител на Радио Академијата.

Вести[уреди | уреди извор]

BBC News е најголемиот радиодифузер за пренесување на вести во светот којшто обезбедува услуги за домашните радија и за телевизиските мрежи како што се BBC News, BBC Parliament и BBC World News.Покрај тоа вестите се достапни на BBC Red Button service, Ceefax и BBC News Online. БиБиСи развиваше нови начини за пристап до BBC News и како резултат ја промовираше услугата на BBC Mobile, правејќи ја достапна за мобилни телефони и за PDA уредите, како и известувања по електронска пошта, дигитална телевизија и на компјутер. Бројките од рејтингот укажуваат на тоа дека за време на големи кризи, како што е бомбашкиот напад на 7јули 2005годиина во Лондон или некој Кралски настан, мнозинство од жителите на Велика Британија се свртуваат кон БиБиСи а не кон неговите комерцијални соперници. На 7јули 2005година,денот кога имаше серија на координирани бомбашки напади врз јавниот превоз во Лондон, BBC Online сними снимка со опсег од 11 Gb/s на 7јули во 12:00. BBC News доби околу 1 милијарда прегледи на денот на настанот ( вклучувајќи ги сите слики, текст, и HTML), со вкупна меморија на податоците од 5.5 терабајти. Во текот на денот мрежното место на BBC News имаше 40.000 барања во секунда. Најавата од претходниот ден за доделувањето на наградата на Лондон земја домаќин на Олимписките игри во 2012 година предизвика уште поголема посетеност од околу 5 Gbit / s. Претходна најголема посетеност на сите времиња на BBC Online била предизвикана по објавувањето на пресудата на Мајкл Џексон,која имала 7.2 Gbit / s.

Интерактивна телевизија[уреди | уреди извор]

BBC Red Button е бренд име на услугите на интерактивната дигитална телевизија на БиБиСи, кои се достапни преку Freeview(копнена дигитална), како и Freesat, Sky (сателит), и Virgin Media (кабелски). За разлика од Ceefax, BBC Red Button е во можност да прикаже целосна графика во боја, фотографии, видео, како и програми до кои може да се дојде до пристап од било кој канал на БиБиСи. Услугите вклучуваат вест, временска прогноза и спорт 24 часа на ден, но исто така, вклучува и дополнителни статии поврзани со одредени програми во одредено време.

На пример гледачите играат од дома во емисиите за игри, даваат гласови и даваат ставови за мислења, како што е програмата Question Time. Во некои периоди од годината, кога се случуваат повеќе спортски настани, се даваат на Red Button за да гледаат гледачите.Често, други емисии се додаваат на програмите кои се емитуваат, како што се Doctor Who и Dreamland во ноември 2009година.

Музика[уреди | уреди извор]

Со седиште во Велика британија, БиБиСи користи оркестри, хор, поддржува два аматерски хорови, симфониски оркестар, пејачи, симфониски хор, големиот бенд на БиБиСи сместен во Лондон, шкотскиот симфониски оркестар на БиБиСи во Глазгов, филхармонијата на БиБиСи во Манчестер, оркестарот за концерти на БиБиСи со седиште во Ватфорд и народниот оркестар на БиБиСи во Кардиф. Многу познати музичари од секој жанр свиреле во БиБиСи, како што се Битлси. БиБиСи е исто така одговорна за песната на Евровизија на Обединетото Кралство, шоу со кое радиодифузерот е поврзан веќе повеќе од 50години.

Друго[уреди | уреди извор]

БиБиСи работи и на други вложувања во прилог на нивното емитување. Во прилог на излезното емитување на телевизијата и радиото, некои програми се прикажани на големите екрани на БиБиСи сместени во неколку централни градски локации. БиБиСи и Министерството за надворешни работи заеднички го управуваат мониторинигот на БиБиСи, којшто ги контролира радиото, телевизијата, печатот и интернетот низ целиот свет. БиБиСи исто така создаде неколку компјутери во текот на 1980-тите години, најзабележителен е БиБиСи Микро кој се развиваше исто како што се развиваа образовните цели и програмирањето на корпорацијата.

Во 1951година, во врска со Oxford University Press БиБиСи ја објави книгата на БиБиСи со химни која е наменета да ја користат слушателите на радио за да ги следат химните кои се емитуваат. Книгата е објавена и со и без музика, музичкото издание е наречено The BBC Hymn Book with Music. Книгата содржи 542 пополарни песни.

Рекламни активности[уреди | уреди извор]

BBC Worldwide Limited е во целосна сопственост на комерцијалната подружница на БиБиСи која е одговорна за рекламната експлоатација на програмите и другите недвижнини на БиБиСи, вклучувајќи голем број на телевизиски станици од целиот свет. Фимата е формирана по реконструирањето на својот претходник, BBC Enterprises, во 1995година. Фирмата поседува и управува со голем број на рекламни станици од целиот свет коишто работат на повеќе територии и на голем број на различни платформи. Каналот BBC Entertainment емитува сегашни и постари забавни програми за гледачите во Европа, Африка, Азија и Блискиот Исток, и распространетите БиБиСи канали BBC America и BBC Canada (кои имаат заедничко вложување со Shaw Media) емитувајќи слични програми во регионот на Северна Америка и телевизијата UKTV во австралискиот регион. Компанијата, исто така, емитува два канали посветени за деца, меѓународниот Cbeebieschannel канал и BBC Kids, коишто имаат заеднички влог со Knowledge Network Corporation, којшто емитува програми во рамките на CBeebies и BBC К брендовите. Компанијата исто така ги поседува програмата BBC Knowledge, која емитува програми за учење, и BBC Lifestyle, која емитува програми со теми поврзани за храна, стил и благосостојба. Во прилог на ова, BBC Worldwide поседува меѓународна верзија на каналот BBC HD, и обезбедува емитување во HD на каналите BBC Knowledge и BBC America.

BBC Worldwide исто така ги дистрибуира и 24 часовните вести на BBC World News. Станицата е одделена од BBC Worldwide за да ја задржи неутрална гледната точка на станицата но е дистрибуирана од BBC Worldwide. Каналот, сам по себе, е најстариот преживеан канал од таков вид, со бази и дописници во повеќе од 200 земји. Со последната направена анкета, станицата е достапна во повеќе од 274милиони домаќинства, што е значително повеќе од CNN со околу 200милиони гледачи.

Покрај овие меѓународни канали, BBC Worldwide исто така, заедно со Scripps Networks Interactive ја поседуваат мрежата UKTV со 10 канали. Овие канали содржат архивски материјали на БиБиСи кои се реемитуваат на нивните канали: drama; Blighty, British-oriented; Dave (со слоган " Домот на Вити Бантер ") Eden, nature; Gold, comedy; Good Food, cookery; Home, куќа и градинарство ; Really, female programming; Watch, entertainment и Yesterday, историски програми. Покрај овие канали, многу БиБиСи програми преку BBC Worldwide се продаваат на странски телевизиски станици меѓу кои најпознати се комедиите, документарните и историските драми.Во Соединетите Американски Држави, вестите на БиБиСи се емитуваат во доцните часови на многу јавни радиодифузни сервиси, како и репризни програми на БиБиСи како што е EastEnders,а во Нов Зеланд TV One.

BBC Worldwide учествува во правењето на програмите. Компанијата е значајна за рекламирањето на БиБиСи, и во моментов е трет издавач по големина на потрошувачите на списанија во Велика Британија. BBC Magazines, порано позната како BBC Publications, го објавува Radio Times како и голем број на списанија кои кои ги поддржуваат програмите на БиБиСи како што се BBC Top Gear, BBC Good Food, BBC Sky at Night, BBC History, BBC Wildlife и BBC Music. Овој оддел го вклучува независниот издавач на списание Origin Publishing, којшто беше во сопственост на BBC Worldwide помеѓу 2004 и 2006година.

BBC Worldwide исто така издава книги, за да ги придржува програмите како Doctor Who кои се под името на BBC Books brand, и исто така е сопственик на најголемиот туристички прирачник и на дигиталниот медиумски издавач во светот, Lonely Planet. Саундтрак албуми, познати книги и дел од радиските емитувања се под брендот BBC Records, како и големи продадени количини на ДВД во Велика Британија и во странство под брендот на 2 Entertain. Архивски програми и класични музички снимки се продаваат под брендот на BBC Legends.

Сојуз[уреди | уреди извор]

Вработените во БиБиСи,нормално се претставници на BECTU, заедно со новинарскиот кадар на NUJ и електричниот персонал на Unite. Членството во сојузот е незадолжително, и е платено од страна на членовите на персоналот, а не од страна на БиБиСи ; вработените не се автоматски заштитени од сојузот.

Културно значење[уреди | уреди извор]

Сè додека не беше развиена и популаризирана доминацијата на телевизијата, радиото беше оној емитувачки медиум на кој се потпираа луѓето во Обединетото Кралство. Се проби во секој дом во земјата, истовремено ја обедини нацијата, и стана важен фактор во текот на Втората светска војна. БиБиСи ја претстави првата телевизиска услуга во HD со 405 линии во 1936година,но и покрај суспендираните услуги во текот на Втората светска војна до 1946година,БиБиСи беше единствениот радиодифузер во Велика Британија до 1955година.Монополот на БиБиСи е прекинат во 1955година, со претставувањето на независната телевизија (ITV). Сето ова е предвесник на трансормацијата на телевизијата во популарен и доминантен медиум. Сепак, во текот на 1950-тите години радиото сè уште остана доминантен извор на емитување комедии. Потоа, БиБиСи беше единствениот легален радиодифузер до 1968година ( кога URY ја добија својата прва лиценца)

Дури и по доаѓањето на комерцијалните телевизии и радија, БиБиСи остана еден од главните елементи во популарната британска култура, што се должи на својата обврска да произведува телевизиски и радио програми за огромната публика. Сепак, БиБиСи2 му дозволи на БиБиСи да прави програми за оние што се заинтересирани за драма, документарни, тековни настани, забава и спорт. Такви примери се I, Claudius, Civilisation, Tonight, Monty Python's Flying Circus, Doctor Who и Pot Black, но и други примери можат да се најдат во секоја од областите што се прикажани на страната на БиБиСи во списокот на 100 најпознати британски телевизиски програми. Извозот на програмите на БиБиСи преку услугите на BBC World Service и BBC World News, како и каналите управувани од страна на BBC Worldwide значи дека продукцијата на БиБиСи може да биде достапна низ целиот свет.

Терминот БиБиСи англиски, се однесува на поранешната употреба на стандардниот англиски со овој акцент. Сепак, организацијата сè повеќе ги употребува регионалните акценти, со цел да ја покажат разновидноста на Велика Британија, иако јасноста и течното зборење сè уште се очекуваат од водителите. Од своите почетоци па сè до денес БиБиСи стана една огромна корпорација која што се обидува да се приспособи на интересите на сите малцинства и на сите слоеви на општеството затоа што сите тие плаќаат радиодифузна такса.

Конкуренцијата од независната телевизија Канал 4, Скај, и други телевизиски станици имаат мали влијанија врз БиБиСи, но како јавен радиодифузер остава големо влијание врз британската популарна култура.

Ставовите на БиБиСи во кутурата[уреди | уреди извор]

Постарата публика во Велика Британија често ја нарекува БиБиСи "the Beeb",, прекар којшто го кажал Петар Селерс во The Goon Show во 1950-тите, кога тој се осврнал на "Beeb Beeb Ceeb". Тогаш прекарот беше позамен, скратен и популаризиран од страна на Кени Еверт. Друг прекар, во денешно време поретко користен, е "Auntie", којшто потекнува од старата изрека "Auntie knows best" (која што беше упатена кон „тетките“ и „чичковците“ кои беа водители во програмите за деца) во деновите кога Џон Рит бил задолжен како првиот гелерален директор на БиБиСи. Двата прекари се користат заедно како "Auntie Beeb", а Auntie се користи во програми како што е Auntie's Bloomers.

Критики и полемики[уреди | уреди извор]

БиБиСи се има соочено со разни обвинувања во врска со војната во Ирак, политички, етнички и верски како и со финансирањето и персоналот. Исто така БиБиСи е вклучена во бројни контроверзии во однос на специфичните вести и програми.

Злоупотреба на деца[уреди | уреди извор]

На 23 Октомври 2012 генералниот директор Џорџ Ентвисел се појави пред образовната, медиумската и спортската Комисија да одговори на прашања поврзани со сексуалниот скандал на Џими Севил во кој Севил злоупотребувал деца на имотот на БиБиСи додека работел таму. Кога претседателот на Комисијата Џон Вајтиндејл кажа дека угледот на БиБиСи за доверба и интегритет е во опасност, Ентвисел изјави дека обвинувањата за злоупотреба на деца во БиБиСи се"многу,многу сериозна работа ". За време на истрагата на Панорама, тимот откри дека тоа е педофилски ланец кој функционирал во последните 20 години а можно е и околу 40 години. Во програмата Панорама, уредникот за надворешни работи Џон Симпсон го опиша случајот како најголемата криза на БиБиСи во псоледните 50 години.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ABOUT BBC NEWS“. news.bbc.co.uk. Посетено на 2024-01-17.
  2. "BBC Annual Report and Handbook". p. 215. BBC 1985
  3. „New children's channels from BBC launch“. Digital Spy. 11 February 2002. Посетено на 26 December 2020.
  4. „Inside the BBC: BBC Radio stations“. www.bbc.co.uk. BBC. Архивирано од изворникот 10 January 2019. Посетено на 26 December 2020.
  5. Andrews, Leighton (2005). Harris, Phil; Fleisher, Craig S. (уред.). „A UK Case: Lobbying for a new BBC Charter“. The handbook of public affairs. SAGE. стр. 247–48. ISBN 978-0-7619-4393-8.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Baade, Christina L. Victory through Harmony: The BBC and Popular Music in World War II (Oxford University Press, 2012).
  • Briggs, Asa. – The BBC – the First Fifty Years – Condensed version of the five-volume history by the same author. – Oxford University Press, 1985. ISBN 0-19-212971-6
  • Coulton, Barbara. – Louis MacNeice in the BBC – Writer and producer from 1941 to 1961 in the Features Department of BBC radio. – Faber & Faber, 1980. ISBN 0-571-11537-3
  • Gilder, Eric. – Mass Media Moments in the United Kingdom, the USSR and the USA (2003). – Historical background relating to the British Broadcasting Company, Ltd, its founding companies; their transatlantic connections; General Post Office licensing system; commercial competitors from Europe before the Second World War and offshore during the 1960s. online
  • Hajkowski, Thomas. The BBC and National Identity in Britain, 1922–53 (Manchester University Press, 2010), 252 pages; explores ideas of Britishness conveyed in BBC radio programmes, including notions of the empire and monarchy as symbols of unity; also considers regional broadcasting in Scotland, Wales, and Northern Ireland.
  • Hendy, David. Life on air: a history of Radio Four (Oxford University Press, 2007) covers 1967 to 1997.
  • James, A. Lloyd. The Broadcast Word. (Kegan Paul, 1935),
  • Mills, Brett. "'Shoved Online': BBC Three, British Television and the Marginalisation of Young Adult Audiences." in Media, Margins and Popular Culture (Palgrave Macmillan UK, 2015) pp. 219–231.
  • Parker, Derek. – Radio: the Great Years – History of BBC radio programmes from the beginning until the date of publication. Newton Abbot: David & Charles, 1977. ISBN 0-7153-7430-3
  • Potter, Simon J. Broadcasting Empire: The BBC and the British World, 1922–1970 (2012) doi:10.1093/acprof:oso/9780199568963.001.0001 online
  • Smart, Billy. "The BBC Television Audience Research Reports, 1957–1979: Recorded Opinions and Invisible Expectations." Historical Journal of Film, Radio and Television 34#3 (2014): 452–462.
  • Spangenberg, Jochen. – The BBC in Transition. Reasons, Results and Consequences – Encompassing account of the BBC and influencing external factors until 1996. – Deutscher Universitaetsverlag. 1997. ISBN 3-8244-4227-2
  • West, W. J. – Truth Betrayed a critical assessment of the BBC, London, 1987, ISBN 0-7156-2182-3
  • Wilson, H. H. – Pressure Group – History of the political fight to introduce commercial television into the United Kingdom. – Rutgers University Press, 1961.
  • Wyver, John. – The Moving Image: An International History of Film, Television & RadioBasil Blackwell Ltd in Association with the British Film Institute, 1989. ISBN 0-631-15529-5

Примарни извори[уреди | уреди извор]

  • About the BBC на BBC Online
  • History of the BBC на BBC Online
  • BBC Annual Reports на BBC Online – Copies of all of the BBC's annual reports since the millennium.
  • Milne, Alasdair. – The Memoirs of a British Broadcaster – History of the Zircon spy satellite affair, written by a former Director-General of the BBC. A series of BBC radio programmes called "The Secret Society" led to a raid by police in both England and Scotland to seize documents as part of a government censorship campaign. – Coronet, 1989. ISBN 0-340-49750-5

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]