Битка на Сутјеска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Битката на Сутјеска
Дел од Југословенскиот фронт во Втората Светска војна
Sutjeska povlačenje 1943.jpg
Колона од партизани во текот на битката на Сутјеска
Датум 15 мај – 16 јуни 1943
Место Во близина на Сутјеска (река), југоисточна Босна, окупирана Југославија
Исход Неуспех на Оската во остварувањето мисиските цели, големи партизански жртви
Завојувани страни
Оска:
 Нацистичка Германија
 Италија
 Хрватска
Бугарија Бугарија[1][2][3]
Сојузници:
Југославија Партизани
Команданти и водачи
Нацистичка Германија Александер Лохр
Нацистичка Германија Рудолф Лутерс
Југославија Јосип Броз Тито
Сила
127,000 луѓе
300+ авиони
23,000 луѓе (3,000 ранети и болни)
Жртви и загуби
релативно малку 6,391 + 2000 цивили

Битката на Сутјеска (српскохрватски: Bitka na Sutjesci, Битка на Сутјесци) била напад од страна на Оската, што имал за цел да ги уништи партизаните. По напорните борби во битката на Неретва главнината на НОВЈ и Врховниот штаб со Тито се пробиле кон Црна Гора, каде во просторот помеѓу реките Пива, Тара и Сутјеска создадале нова слободна територија. На оваа територија борците требало да се одморат, а на ранетите и болните од тифус да им се овозможи лекување и негување. Меѓутоа, непријателите не ги оставиле партизаните да се одморат и да се средат за нови борби. Тие многу брзо и во најголема тајност подготвиле нова офанзива. Собрале одморени воени сили и почнале да ја опколуваат територијата на која се наоѓале главнината на НОВЈ и Врховниот штаб. Покрај германска донеле италијанска, усташка и нугарска војска, а исто така и четници на Дража Михајловиќ. Додека непријателската воена сила изнесувала околу 127,000 војници најсовремено вооружени со топови, тенкови и авиони, дотогаш НОВЈ на овој сектор имал околу 20,000 борци со колу 3,000 ранети и болни.

Текот на битката[уреди]

Окупаторите и домашните предавници, по големи подготовки, во мај 1943 година презеле нов напад против НОВЈ, познат како Петтата непријателска офанзива. Нивната пешадија и тенкови од сите страни го стегале обрачот, а топови и авиони постојано го бомбардираа опколениот простор. Ситуацијата во која се нашла опколената главнина на НОВЈ била толку критична што членовите на англиската воена мисија при Врховниот штаб предлагале партизаните да се предадат. Но, ниту на Врховниот штаб, ниту пак борците не мислеле да се предадат. Затоа Тито дал наредба непријателскиот обрач да се пробие во правец кон Источна Босна. Исцрпените партизански борци без доволно храна и муниција, но безгранично храбри, во почетокот на јуни тргнале во пробив на обрачот на понадмоќниот непријател. За време на пробивот најжестоки и решавачки борби се воделе при преминот на реката Сутјеска кај Тјентиште. Борците јуришале в бој - гради во гради и притоа покажувале невиден хероизам. Затоа и загубите на двете страни биле големи. Во текот на борбите од бомбите на авионите на Оската бил ранет и врховниот командант Тито. И покрај тоа што војската на Оската била помногубројна и понадмоќна, единицте на НОВЈ успеале да ја разбијат и да си пробијат пат. Во борбите при преминувањето на Сутјеска загинале многу борци, а меѓу нив бил и Сава Ковачевиќ, славен командант на Третата пролетерска дивизија. И покрај загубите НОВЈ ја издржа и оваа најтешка и најкрвава офанзива во ослободителната војна. Така, и овој план на Оската и домашните предавници да ја уништи главнината на НОВЈ и Врховниот штаб не успеал. Со победата во решителната битка на Сутејска југословенските партизани запишале уште една херојска страница во историјата на Народноослободителната војна. [4]

Наводи[уреди]

  1. J. B. Tito, The Yugoslav Road, 99
  2. Slobodan Nešović, Yugoslav-Bulgarian Relations, 1941-1945, 95
  3. Jozo Tomašević, The Chetniks, 199
  4. Историја за II година на стручните училишта,