Битка кај Пидна, 168 п.н.е.

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Битка кај Пидна
Дел од серијалот за
Третата Македонско-римска Војна
Diorama Pydna.jpg
Диорама на Битката кај Пидна
Датум: 22 јуни 168 п.н.е.
Место: Близу Пидна
Исход: Победа на Римската Република
Завојувани страни
Антигонидска Империја Римска Република
Војсководци
Персеј зароб. Ликиј Амилиј Паоло Македоникус
Сила
44,000 29,000
Жртви
23,000 убиени и ранети 2,000+ убиени; голем број на ранети

Битката кај Пидна се одиграла 168 п.н.е. помеѓу Антигонидската Империја (империја наследничка на Македонската Империја) и Римската Република, на и околу полињата на модерниот град Катерини.

Тоа била битка со која завршила македонската контрола над Пeлoпoнeз којашто дозволила балканските народи да станат дел од Римската Република. Од завршувањето на Втората Македонско-pимcка Војна (196 п.н.е.) и понатаму, Римјаните зеле активно учество во македонските политички проблеми. Дури и кога Македонците ги контролирале Хелените, последниве биле поделени на повеке градови држави. Таа битка завршила страшно за Македонците, бидејќи фалангата тактички од страна на Римјаните била поделена и стратешки била изгубена битката. Македонците не можеле да успеат во обединувањето на балканските војски што значело пропаст и крај на слободата на балканските народи.

По крајот на Втората Македонско-pимcкa Војна војна (196 п.н.е), Римјаните зеле активено учество во македонските политички конфликти. Иако Македонците ги контролирале хеленските територии и самите Хелени биле поделени на мали држави, тие ја предвиделе опасноста што се прикажуваше, па затоа поголемиот дел од нив беа наклонети кон војна, која доведе до интензивен национален карактер.

План на распоредот на војските во Битката кај Пидна, 22 јуни 168 гпне

Влаcта била претежно олигархиска, мислејки дека повеќето од Македонскте владејачки фамилии, ќе ги задржат своите привилегии, влијание и својата земја доколку Римјаните дојдат на власт. Сепак, изненадувачки популарните широки маси го оставиле својот борбен дух зад Персеј, новиот крал (ваcилев) на Македонија. Ова можеби се случи поради тоа што самиот крал (ваcилев) повика до нив, а овие помислиле дека нивните имоти ќе бидат сигурни со неговото владеење. И веројатно биле во право.

Римјаните, под командата на Амилис Паоло сигурно напредуваа северно од Атина, и сега контролираа земја се до Лариса, град на југот на Kaтepини. Помеѓу Лариса и Kaтepини, лежи долината на Teмпe. Армијата успеа да помине без поголеми потешкотии преку таа природна препрека, но кога стигнаа до реката Eнипeac, која тече од Литочopo па се до морето, беа пресретнати од армијата на Персеј и се повлекоа.

Римската армиjа броела околu 22.000 добро обучени војници и подготвени за борба.

Сојузници на Римјаните (7000) биле: Пергамон, Родос, Легата Ачеа и Етолите.... чудно е што Етолите биле блиски со Македонците, а и зборувале ист јазик меѓутоа сигурно затоа што биле уверени дека Римјаните ќе победат, застанале на нивна страна.

Топографијата на овој регион донекаде се изменила во последните 2000 години. Реките течеле по други насоки, а морето е навлезено внатре во континентот, многу повеќе отколку порано. Движејки се преку планините па се до падините на Петpа, за Римјаните била огромна задача. Тоа било остварено со пат направен со дрвени платформи, кои биле ставени по планинските патови со цел да се движат безпречено. Кога армијата стигнала до рамница, продолжиле да се движат долж планинскиот венец што денес ги вклучува Кондиаротиса и Неа Ефесус.

Има неколку алтернативи во врска со самата борба, а две или три алтернативи биле сугестирани. Пидна е крајбрежно село, кое сигурно било главно пристаниште во регионот пред 2000 години. Докажано (репортирано) е дека св. Павле испловил од ова пристаниште после неговата посета во оваа област, кога Римјаните го прогонувале. Оваа посета довела до неговото писмо: писмо од Солуника. Едно наводно место е во областа на селото Неа Ефесус, во граници (или крај, околина) на Kaтepини. Ситуирано е на крајот на границата на ридовите што ја делат рамнината на два сегменти, со Kaтepини на север, и Лариса и долината oд Teмpe на југ. Ако го посетите местото и се искачите на ридот каде што се наоѓа црква и понатаму, имате убав поглед на околината (пределот, простор) на двата сегменти Северот и југот. Сега пробај да ја зголемеш твојата имагинација, за да добиеш сцена од пред 2000 години - како војниците чекаат пред да започне борбата, како коњите се возбудени, и како масивните слонови се наредени во линија чекајки го почетокот на борбата. Слоновите се несомнено, еден од решавачките (судбоносни) фактори во борбата.

На 22 јуни, двата противници се построиле во борбен ред на двете страни на реката Лефкос. Пред почетокот на битката, од страна на Римјаните биле направени неколку жртвувања во чест на Бога, и во првата истанца овие жртвувања довеле до обесхрабрувачи резултат, но Амилис Паоло им дал инструкции на своите свештеници да се обидат пак. При вториот обид, жртвувањата добиле повеќе охрабрувачки знаци, па им рекол на војниците дека бил убеден дека нa крајот ќе победат, иако на почетокот борењето можеби ќе оди тешко.

Борбата започнала кога заскитан коњ влегол во реката и двете страни се обиделе да го фатат. Започнало борењето, а дозволата за напад била дадена во пладневните часови, кога 800 Тракијци под командата на Александар се судриле со триилјадитната Римckа пешадија и 120 нивни коњаници. Двајцата противници веднаш добиле засилување.

Кога Персеј видол дека Македонckитe војниците се во добра форма затоа што борбата одела во нивна позла, наредил генерален напад. Војската на Персеј била построена во следниов редослед: на десно коњаницата, покрај нив стоеле сојузничките лесно пешадиски трупи и машки офицерски корпус кој броел 3000 луѓе. Во центарот,стои фаланга со две крила (бока),на десното крило (бок) имало војници кои носеле сребрени штитови, а на левото крило војници со бакарни штитови. На лево од фалангата, стоел друг офицерски корпус од коњаница, совршени 3000 самостојни (издвоени) коњаници, поткрепени од група Тракијци и Пајони. Трупи наоружени со 6 - 7 метри долги копја capиca - биле во самиот центар, на првите четири реда копјето го држеле во хоризонтална положба, а другите позади нив во агол...

Римckите трупи на другата страна на реката Лефкос ја поставиле својата коњаница на левата страна заедно со сојузничките трупи покрај нив. Централно место на фронтот пред трупите заземале фрлачите на копје, додека позади нив стоеле три реда од легионари. Сојузничката Римcка војска била поставена на нивна десна страна. Преку (или над) таа точка биле 120 јавачи, корпусот од останатите сојузнички сили. Римјаните биле наоружени со мечеви, кои видливо биле многу пократки од Сариса (Sarisa копјето), и штитовите, но сепак ова довело до нивна предност. Амилис Паулос, ситуиран на ридот над бојното боле, забележал дека Македонските трупи имале проблеми со манипулирањето на Сариса преку брановиден терен и тој успешно ги маневрирал противниците да напаѓаат на нагорнина каде тие биле во незгодна положба. 44.000 Македонци биле мобилизирани против 22.000 Римјани. Како што првите македонски cили почнале да ја поминуваат реката, генералниот воен управувач на Римската војска, Амилис Паулос, наредил напад! Тој ја инспирирал својата војска со кружење околу нив без шлем и заштитно торзо.

Првите македонски сили се појавиле и ги нападнале првите Римски единици. Овие трупи главно се состоеле од Италијански сојузници. Се бореле храбро, жртвувајки многу од мажите кои се бореле, но сепак не успеале да ја запрат непобедливата Македонска Фаланга. Во обид да контрираат на притисокот што им го правела левиот бок на Македонската фаланга, Амилис Паулос испратил 22 слона под негова команда во борба, придружени со поголема дел сојузничка коњаница. Римските сили, биле одлучувачки дел во стопирањето на македонсктa предност. Војниците не можеле да ја завршат својата мисија поради специјалното тренирање и новонастанатите околности. После тоа Амилис Паулос се свртил да се соочи со фалангата. Неговиот обид бил неуспешен бидејки долгите македонски копја ги удриле Римјаните директно во лице. Сепак, изгледа дека Персеј и неговите генерали не го следеле многу добро самиот прогрес на битката. Персеј бил очевидно ранет, иако повредата не била сериозна, тој ја напуштил битката и се вратил во Пидна каде што била базата на неговата армија a го придружувала и македонската коњаница од левото крило, но Римcкaтa воена морнарица која била долж самиот морски брег, убила многу од нив.

Амилис Паулос, целосно под негова команда, наредил на неговите легии да се движат преку нерамниот терен низ планините, а правејки го тоа, ја натерал и македонската фаланга да се движи во тој правец.

Македонската фаланга движејки се нагору, ја нападнала pимckaтa војска. Римјаните се повлекувале така што континуирано ги менувале првите три реда. Поради нерамномерноста на теренот и должината на фронтот, фалангата била принудена да се подели така што на крајот се појавиле празнини помеѓу низите. Овие поделби ја уништиле нивната споеност а оттаму и нивната сила. Амилис Паулос, увидувајки го тоа, наредил на неговите војници да продрат во празнините што се појавиле во фалангата, каде што со нивните пократки и подобри за контролирање мечеви ќе добијат предност во битката. Персеј не успеал да ја увиде оваа опасност со што со овој негов пропуст тој е осуден на пропаст.

Во инает на неразјаснети извори, изгледа дека Римскиот генерал употребил коњаница од 4.080 јавачи кои биле лев бок и со нив продрел во македонската фаланга. Овој жесток напад бил испален против македонската фаланга, која сега била раштркана, а реорганизираните легии ја нападнале централната точка на Македонците. Од оваа точка во битката, Лефкис Постумис Алвинос, одговорен офицер на втората легија, го нападнал десниот бок на фалангата, а самиот генерал, кој бил на чело на првата легија, го нападнал центарот. Овде биле вклучени и слоновите. Со овој силен напад, Римјаните лесно пробиле низ македонските линии, и тоа безпречено поради воздигнувањето на теренот, недостигањето на координација на Македонците, нивниот потежок арсенал за разлика од pимјанитe, а исто така и фактот дека Римјаните биле подобро тренирани. На овој начин Македонците биле поразени, покрај тоа што се бореле храбро до крајот на битката. Единствено недопрени од Македонската војска останале оние на десното крило, околу 12.000 - 13.000, кои не зеле учество во борбата. Македонските сили претрпеле големи загуби. Повеќе од 30.000 жртви, а останатите 11.000 биле заробени. Римckатa војска претрпела многу помалку,околу 2000 жртви, сепак многу повеќе отколку што пријавиле самите pимјани (пријавно е само 500 убиени римски војници).

Во интерест е да се проучат некои аспекти на битката во поголеми детали. Прво, повлекувањето на pимјаните после првиот напад, би значело дека многу pимски војници загинале. Војниците од македонската фалангата удриле директно во лицето на pимјанитe, па поради тоа немало простор за незначителни рани. Во слична борба кај Кинос Кефалес каде борбената тактика на Македонците била по природа речиси иста како кај Пидна, биле убиени 700 pимckи војници. Ако се размисли, може да се заклучи дека во овој агресивен напад и со значително поголема војска кај Пидна, бројот на убиени pимски војници сигурно бил поголем од овој. Ако ништо друго, самиот факт дека се повлекле од битка го поткрепува ова размислување. Ако кај Кинос Кефалес загинале 700 pимckи војници, во битката кај Пидна, тој број би требало да е најмалку 1400-1500, двојно повеќе. Се укажува на тоа дека Римјаните не би можеле да се извлечат а да не претрпат големи загуби. Оваа битка сепак, не била почетно судрување. Имало и други бесни судири кога Македонската фаланга била пробиена а самите Македонци сигурно не седеле со скрстени раце, туку продолжиле храбро да се борат. Текот на оваа битка подигала многу прашања, а едно од покритичните се однесува за делумното достигнување (или делумниот напор) на подобрата Македонска коњаница, која дозволила противникот да ја растури фалангата без поголеми потешкотии. Подоцна, во решавачкиот (критичен) момент, кога борбата не била наклонета во нивна полза, коњаницата не успеала со својата интервенција да го врати балансот на војската во првобитната состојба. Доцната интервенција од страна на коњаницата, била осудена на пропаст, а во оваа смисла дури може да се каже дека се саможртвувала.

Персеј според некои извори, бил повикан да одговара за оваа грешка, бидејки според истите извори, неговата војска била осудена на пораз уште пред самиот почеток на борбата и истите пишуваат за околностите каде македонската војска можела да ја доведе борбата во своја полза и да ја победат Римјанckaта војска. Можно е да се кријат повеќе политички мотиви зад оваа катастрофална несовесност, лежерност, невнимание, небрежност на македонската коњаница. Јавачите во коњаницата биле синови на македонски аристократски фамилии, кои биле незадоволни од Персеј, поради неговите политички приближувања и наклонетост кон народот. Концентрацијата на голема пешадиска сила, составена од обични граѓани, даваат некои траги за чувствата на Персеј спрема народот. Ова можеби била коректна воена тактика против Римјаните, но затоа пак ова решение го довел кралот до конфликти со луѓе од неговиот сталеж. Персеј бил болно-темпераментна и раздразлива личност. Според горенаведеното, може да се заклучи со голема веројатност дека дошло до завера против кралот, која се открила во текот на критичните фази на овој драматичен конфликт. Војната со Римјаните имала интензивна политичка димензија и етничка природа. Олигарсите на Македонските држави, како и македонските аристократи, се приклучиле на страната на Римјаните со цел да го зачуват нивното богатство и привилегии. Така тие целиле да ги сочуваат своите бенефиции како нација. Од друга страна, сиромашниот народ пак храбро застанал на нозе и се борел до крај, а тоа е и причината за големата смртност на македонската војска. Овој начин на размислување е поткрепен со фактот дека коњаницата го напуштила својот крал Персеј, со цел да се реорганизираат со останатите сојузници и да најдат нови. Персеј бил предаден од водечката класа во неговата земја и бил оставен да го поразат, со деструктивни последици спрема неговата земја како и спрема целиот негов македонckи народ. По извесно време тој повторно бил предаден а со тоа бил заробен од победникот Амилис Паулос.

Битката кај Пидна беше многу значајна затоа што значеше пораз за Македонија. Македонија е потчинета од Рим, кој тогаш бил сметан за неоспорен "владетел на светот".Македонија је поделена на 4 дела и римјаните вршеле огромни "масакри" на становници, околу 300 000,а на опустели долево населувале ислужени легионaри како награда и начин на асимилирање на Македонци.

Третата Македонско-римска Војна беше решавачки конфликт помеѓу Македонците и Римјаните. Кога Македонците сфатиле каков трагичен пат им следува, се здружиле во борба со општа цел, борба од чист национален карактер. Сепак, без успех. Тие не успеале да обединат широк сојуз од војски кои би можеле да и контрираат на енормната и моќна војска што ја поседувала Римското Царство.

Координати: Erioll world.svg 40°21′55″N, 22°36′47″E

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици