Биосигурност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Биосигурноста ги заштитува економијата, природната околина и здравјето на луѓето од штетници и болести. Таа вклучува обиди да се спрече доаѓање на нови штетници и болести и да се помага контролирањето на епидемиите кога тие ќе се појават.

Економска перспектива[уреди]

Бидејќи извозот на земјоделски производи секоја година носи милијарди долари, битно е да се има мерки преземено во биосигурноста. Само една појава на некоја посериозна болест или штетници би ја запрела трговијата и сериозно би влијаела на вработеноста на земјоделците/сточарите и заедниците покрај оние кои се директно вклучени во индустријата. Некоја нова животинска болест која може да се пренесува на луѓето, на пример, птичјиот грип, би можела да има влијание на здравството, школството, угостителството, патувањето, туризмот и деловните инвестиции на една или повеќе држави.

Биосигурност во Австралија[уреди]

Активностите кои Австралија ги спроведува пред граница ја намалуваат опасноста егзотични штетници и болести да дојдат во Австралија. Пред се, ставот на Австралија за одбрана е да им се помогне на соседните земји да ја подобрат нивната биосигурност. Дел од предграничните активности се сосредоточени на тоа да се учествува при утврдувањето трговските стандарди, проценување на опасноста од увоз, организирање на карантин во странство и заштита на северни граници со Азија.

Видете исто[уреди]

Извор[уреди]

Австралискиот државен оддел за земјоделство, рибарство и шумарство.