Берли Грифин (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Берли Грифин

Податоци
Положба: Канбера
Австралија
Површина 6,64 км2
Должина 11 км
Ширина 1,2 км
максимална длабочина:
Прилив: Молонгло
Острови: Молонгло (остров)
Надморска висина: околу 556 метари
Поголеми градови на езерото: Канбера
Тип на езеро: вештачко

Берли Грифин (англиски: Burley Griffin) — вештачко езеро, кое се наоѓа во центарот на Канбера, главниот град на Австралија. Ископано е во 1963, со градењето на браната, во центарот на градот, на реката Молонго. Називот го добил по архитектот Волтер Берли Грифин кој бил задолжен за планското уредување на градот.

Езерото по планот на архитектите било изградено во самото срце на градот. Денес околу езерото се наоѓаат значајни институции како што се Националната галерија, Националниот музеј, Националната библиотека, Врховниот суд и парламентот. На брговите на езерото се наоѓаат бројни паркови и тревни површини. Иако не е забрането, пливањето во езерото е ретко. Водната површина е често посетена од рибарите и едреничарите или едноставно луѓе во чамци кои се обидуваат да се опуштат и да заборават на брзиот градски живот.

Текот на реката е регулиран од долгите насипи, кои имаат задача да го бранат градот од можни поплави.

Мостови[уреди | уреди извор]

Бреговите на Берли Грифин се поврзани со помош на два мостови кои ја пречекоруваат Авенијата Комонвелт долга 310 м и Авенијата Кингс долга 270 м. Мостовите се изграден пред езерото да биде наполнето се водата. Испитувањето на земјиштето, пред изградбата траело до крајот на 1959 година до почетокот на 1960 година. Двата мостови овозможуваат непречен двосмерен сообраќај. Мостот Авенија Комонвелт има по три траки во секој правец, додека пак другиот, мостот Авенија Кингс има две траки во секој правец.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]