Ајкула-наметка

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ајкула-наметка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Chondrichthyes
Поткласа: Elasmobranchii
Ред: Hexanchiformes
Фамилија: Chlamydoselachidae
Род: Chlamydoselachus
Вид: C. anguineus
Биномен назив
Chlamydoselachus anguineus
Garman, 1884
World map with blue shading in scattered spots around and in the middle of the Atlantic, and at isolated spots in the Pacific from Japan to Australia to California
Распространетост на ајкулата-наметка


Ајкула-наметка (Chlamydoselachus anguineus) е вид на ајкула.

Со своето издолжено тело слично како на јагула со сплескана глава, оваа ајкула малку личи на другите ајкули. Разликата е најзабележлива во положбата на устата: наместо од долната страна, устата е сместена напред на главата. Овен тоа, додека повеќето денешни ајкули имаат пет чифта прорези за жабри, ајкулата-наметка ги има шест, секој со набрчкан раб. Нејзините мали заби исто така се необични, секој има три остри шилци.

Забележано е дека оваа ајкула плива со отворена уста, покажувајќи ги своите забележливи заби, што довело до претпоставката дека забите дејствуваат како мамка за пленот. Оваа ајкула живее во длабока вода близу до морското дно, но повремено доаѓа на површината. Се храни со длабокоморски риби и со лигни. Мажјаците на стомакот имаат два долги миксиптеригии, со чија помош во текот на парењето се пренесува спермата во женката. Овој вид е ововивипарен, што значи дека младите се изведуваат од јајцата во мајката, која потоа коти живи младенчиња. До 12 младенчиња се котат и по 2 години по оплодувањето. Со лов на други длабокоморски видови, често случајно се фаќаат и овие ајкули-наметки. Со оглед на тоа дека овој вид толку ретко се размножува, тој е многу чуствителен и се наоѓа на Црвената листа на загрозени видови на МСЗП, наведена во категорија „речиси загрозен вид“.

Поврзано[уреди]