Астеропај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ахил се бори крај реката, гравура од 18 век Јохан Балтазар Пробст (1673-1748 година)

Астеропај (12 век п.н.е.) ― во Илијадата е познат како пајонски јунак во Тројанската војна.

Претходник на Астеропај се смета дека бил Пирајхме (12 век п.н.е.).[1][2] Како соузник на Тројанците, ја предводел во војна, пајонската војска што доаѓала од „широкострујниот Аксиј“, односно од „бреговитата и плодна Пајонија“. Според митологијата бил син на Пелагон. Борејќи се храбро против Ахајците, загинал од рацете на Ахил.[3]

Во Илијадата се наведени неколку имиња на пајонски јунаци кои влегле во двобој со митскиот јунак Ахил. Некои научни констатации за припадноста на етничката група која го населувала Мариово во антиката, како Пелагонците, на пример, не се противречни на горекажаното, ако се земе дека и тие биле во блиско сродство со Пајонците, ако не и исто племе. И двете етнички групи се споменуваат кај Хомер (во Илијадата) во следните стихови:[4][5]

“ ...На него навалил Ахил, а тој пред реката стоел напред со две копја в раце; во срцето смелост му влеал Ксант, зар негодувал тој за убиени момци многу, што му ги убивал Ахил низ рекана без милост сите.

Кога пак еден до друг се приближиле двајцата мажи, тогај му прозборил прв брзоногиот божествен Ахил: “Кој и од каде си ти, што си м`излегол пред мене смело? чеда од несреќни зар ја обидуваат мојата сила“. Светлиот син Пелагонов му одвратил потоа нему: “Зошто за рода ме прашаш, еј срчен сине Пелејев? Јас од Пеонија сум, од далечна грутчеста земја; Пеонци мажи си водам со предолги копја, што сега единаесетта зора ми е, как дојдоф во Илиј. Родот пак мене ми е од широкострујниот Аксиј (з.н -Вардар), [Аксиј, што нашата земја со красните води ја кваси] што Пелагона го родил, по копјето славен, што вељат, мене ме родил, но сега да с`удриме, Ахиле славен.“ Вака со закан рекол, а дивниот Ахил му кренал копје од јасен, но две истовремено копја исфрлил Астеропај, што бил вешт во рацете мошне; с`едното копје го згодил, но не му го продупил овој штитот, зашт` златото него го задржа, дарот на бога, а пак со другото г`удрил во десната рака под лактот, расек му сторил, та црна крв прснала; копјето летна преку, се закачи в земја, да изеде снага сакајќи. Вториов јасеновото копје, што летнало право, го пуштил напред кон Астеропаја, да г`убие него пекајќи; Туку го промашил него, а погодил висока карпа, дополу в брег се закачило зар јасеновот копје..“

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Herodoti, Historia, Oxonii, 1927; Strambinis, Geographica, Lipsiae, 1895-1913
  2. Е. Петрова, Пајонија, Скопје, 1999.
  3. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 49. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. Иван Микулчиќ (1966). Pelagonija u svetlosti arheoloških nalaza. Скопје: Arheološko društvo Jugoslavije - Arheološki muzej–Skopje. стр. 62–63. Недостасува |author1= (help)
  5. „Двобојот и Македонците“. www.macedonium.org.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]