Лангар

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Лангар (? - о. 335 п.н.е.) бил крал на пајонското племе Агријани. Тој бил современик на македонскиот крал Филип II Македонски и во пријателски односи со Александар III Македонски. Кога Македонското Кралство презело поход против Трибалите (335 пр.н.е.), навлегол во земјата на Автаријатите и со тоа го спречил нивниот напад на војската на Александар III Македонски, за што тој му возвратил со особени почести и богати дарови, ветувајќи му ја дури и сестра си Кинана за жена. Набрзо потоа починал. [1] [2]

Наводи[уреди]

  1. Arriani, Anabasis, Lipsiaw, 1907.
  2. Е. Петрова, Пајонија, Скопје, 1999.

Поврзано[уреди]