Архангел Рафаил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Архангел Рафаил на икона

Рафаил (хебр. רפאל, „Бог исцели“, „Бог исцелува“, „Боже исцели“, арап. Исрафил, اسرافيل) е архангел во jудaизмот, Христијанството и Исламот, кој врши најразлични исцелувања (лечења). Хебрејскиот збор за доктор по медицина е Рофе и влече ист корен што и Рафаил.

Ангелите споменати во постарите книги на Хебрејската Библија немат имиња. Така рабинот Шимон бен Лакиш (230-270 г.), вели дека имињата на ангелите ги имаат донесено евреите од Вавилон.

Од седумте архангели во ангелологијата на jудaизмот, само Михаил, е споменат како архангел (Даниел 12:1) и Гаврил е споменат по име во писанијата кои станале канонски за христијаните. Рафаил се споменува по име во Книгата на Тобиј, која е канонска во Православието и Католицизмот. Во Книгата на Енох се дадени уште четири (глава xxi): Урил, Рагуил, Сарил и Јерамел.

Рафаил во Христијанството[уреди]

Името на архангелот Рафаил се јавува само во девтероканонската Книга на Тобиј. Оваа се смета за канонска од православците, католиците и некои протестанти. Рафаил за прв пат се појавува преправен како човек кој гопридружува Тобија по пат, и се нарекува себеси „Азариј син на големиот Ананиј“. За време на авантуристичкото патување, заштитното влијание на ангелот се гледа на повеќе наврати, мешу кои врзувањето на демонот во пустината во горен Египет. По повратокот и излечувањето на слепилото на постариот Тобиј, Азариј се открива дека е „ангелот Рафаил, еден од седумте кои стојат пред престолот Божји“ (Тобиј, xii, 15).

За исцелителните моќи на Рафаил знаеме само од неговиот исказ на Тобиј (Тобиј, 12) дека него го пратил Господ да го излечи оид слепило и да ја спаси Сара, неговата снаа, од ѓаволот (Асмодеј) кој бил сериски убиец на нејзините сопрузи. Меѓу католиците се смета за светец-заштитник на медицинските работници и стројниците, и нему може да му се обратат тие или оние на кои им требаат нивните услуги.

Цркви на Рафаил наоѓаме ретко. Познати се помалку од десет.

Во Новиот Завет, само архангелите Гаврил и Михаил се споменати по име (Лука, i, 19, 26; Послание на апостол Јуда, 9). Јован 5:1-4, се споменува бањата Витезда, каде лежеле мнозина болни кои чекале да се раздвижи водата, за "Зашто, ангел, одвреме на време, слегуваше во бањата и ја раздвижуваше водата, а кој прв ќе влезеше - откако ќе се разбрануваше водата - оздравуваше од каква и да било болест да страдаше". Заради исцелителската улога на Рафаил, овој конкретен ангел се поврзува со архангелот.

Рафаил понекогаш е прикажан (главно на медаљони) каок стои врз голема риба или како држи фатена риба на јадица. Ова е заради Книгата на Тобиј, Каде му вели на Тобиј да фати риба, па потоа го користи меурот за да му ги излечи очите, и да го истера Асмодеј со тоа што ќе ги изгори срцето и џигерот.

Рафаил во Исламот[уреди]

Според Хадисот, Исрафил (Рафаил на арапски) е ангелот одговорен за означување на доаѓањето на Судниот Ден со дување во труба и пуштање на „Здив на Вистината“. За разлика од Џибрил (Фаврил) и Михаил, овој архангел не е даден по име во Коранот.

Видете исто така[уреди]

Портал „Светци


Седум свети архангели

Варахил | Гаврил | Јегудил | Михаил | Рафаил | Салатил | Урил