Арабај

Од Википедија — слободната енциклопедија

Арабај (5 век п.н.е.) ― крал на горномакедонското племе Линкести.

Во 424/3 г.п.н.е. успешно војувал против кралот Пердика II, којшто помогнат од неговиот сојузник, спартанскиот војсководец Брасида, настојувал да ја приклучи Линкестида кон централната македонска држава.[1] Историските текстови (особено оние на Тукидид) го споменуваат Арабај, како војувал и со македонскиот крал Архелај за превласт во Македонија.[2]

Постои епиграфски натпис во Пелагонија (365/4 пр.н.е.) на кој е зачувана првата буква од името на пелагонискиот владетел. На епиграфскиот натпис, делумно зачуван на атинскиот Акропол, се запишани договори за сојузништвото меѓу Арабај од Линкестида и Атина (околу 423 пр.н.е.).[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 41–42. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Шукарова, Ана; Чепреганов, Тодор.; ИНИ (Скопје, Македонија) (2008). Историја на Македонскиот народ. Skopje: ИНИ. стр. 20–21. ISBN 978-9989-159-23-7. OCLC 808115730.
  3. „АРАБАЈ“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-23.