Анче Каевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Анче Каевски

Анче Никчев Каевски ( 1925 во Чучер, Скопско12 април 1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно селско семејство. Неговото село од првиот ден на востанието било на страната на НОВ.[1] При доаѓањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада во Чучер, стапил во нејзините редови. Учествувал во сите борби против балистите и Германците на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Македонија, ја продолжил борбата сè до конечното ликвидирање на балистичките банди на Косово. На 12 април 1945 година учествувал во големите борби при пробивот на Сремскиот фронт. Во тие битки храбро загинал кај Шид, во јуришот на 12 април 1945 година. Бил закопан на борбената позиција.[1][2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 73. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 94–95. ISBN 9989-35-022-1.