Андрис Бједринс (2 април1986 во Рига) — летонски професионален кошаркар кој моментално е слободен играч во НБА. Негов последен клуб бил Јута Џез, каде ја минал сезоната 2013–14. Бил избран на драфтот во 2004 како 11. избор од страна на екипата на Голден Стејт Вориорс,[1] каде минал девет сезони и двапати стигнал до разигрувањето во вториот дел од НБА. Кариерата ја започнал во 2002 во екипата на КК Сконто, каде останал две години. Освен во НБА, Бједринс настапувал и за кошаркарската репрезентација на Латвија. Со репрезентацијата играл на европските кошаркарски првенства во 2007 и 2009, но не ја минале групната фаза.[2]