Андреана Чекиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Андреана Чекиќ (Козарска Дубица, СФРЈ, 23 август 1984) е српска поп-фолк пејачка која станала позната благодарение на учеството во серијалот Ѕвездите на Гранд.

Биографија[уреди | уреди извор]

Родена е во Козарска Дубица, но пораснала во Виена, Австрија, каде што завршила средно економско училиште. Почнала да пее во 2003 година, а поголема популарност стекнала со учеството во петтата сезона на натпреварот Ѕвездите на Гранд (2010-2011), каде го освоила шестото место.[1] Нејзината песна Кралица во злато била еден од најголемите поп-фолк хитови во 2015 година.

По учеството во финалето на натпреварот Ѕвездите на Гранд, таа го свртела вниманието кон себе со песните Неразположена и Хендикеп. Следната година ја објави песната Виски, која била помалку забележлива. По двегодишна пауза во дискографијата, која ја помина настапувајќи, го објавила дуетот Невреме со Слободан Васиќ. Потоа, следната година ја објавила песната Кралица во злато и станала еден од најголемите хитови во 2015 година. Истата година ја објавила песната Родена да плачам, која била помалку забележлива, но Андреана останала активна во медиумите.

Во 2016 година ја објавила песната 300 сватови, која набрзо станала летен хит и има околу 15 милиони прегледи на Јутјуб.

2017 година кон средината на летото ја објавила баладата Благи солзи.

Во меѓувреме ги објавила песните Засекогаш ти припаѓам и Кралица на фалшот.

Во 2018 година е прогласена за пејачка која го има најголемиот хит на годината, песната Кондури, која ја снима во соработка со пејачот Емир Ѓуловиќ. Песната има околу 80 милиони прегледи.

По огромниот успех на песната Кондури, во соработка со композиторот Бане Опачиќ ја објавила песната Пресвето и грешно.

Потоа ја снимила песната Туѓа маица која ја посветува на сите жени кои доживеале насилство.

Во февруари 2020 година, таа го објавила дуетот со Среќко Кречар, песна наречена Опасно ме работиш.


Дискографија[уреди | уреди извор]

Песни[уреди | уреди извор]

  • Ќе заплачат очите мои (2012)
  • Хендикеп (2012)
  • Нерасположена (2012)
  • Виски(2013)
  • Невреме (дует со Слободан Васиќ) (2015)
  • Кралица во злато (2015)
  • Родена да плачам(2015)
  • 300 сватови (2016)
  • Благи солзи (2017)
  • Само гледај ме (2017)
  • Кралеви на флаша (дует со Mr. Sharan) (2018)
  • Засекогаш му припаѓам(2018)
  • Кондури (дует со Емир Ѓуловиќ) (2018)
  • Пресвето и грешно (2018)
  • Туѓа маица (2019)
  • Опасно ме работиш(2020)
  • Среќо појави се (2020)

Видеографија[уреди | уреди извор]

Видеоспот Година Режисер
Нерасположена 2012 Харис Дубица
Виски 2013 Харис Дубица
Невреме 2015 Дејан Марковиќ
Краљица во злато 2015 Дејан Марковиќ
300 сватови 2016 Лиор Бабадост
Благо сузама 2017 Борис Зец
Само гледај ме 2017 Силвер Продукција
Кралеви на флаша 2018 Шаран Концепт
Засекогаш ти припаѓам 2018 Андрија Белоица
Кондури (дует со Емир Ѓуловиќ ) 2018 Горан Матијевиќ
Пресвето и грешно 2018 Уживотека
Туѓа маица 2019 Горан Матијевиќ
Опасно ме работиш 2020 Горан Матијевиќ
Среќо појави се 2020 Марко Арсиќ
Ти си живот и грешка 2021 Љуба Радојевиќ
Уште сум со тебе 2021 Љуба Радојевиќ
Каде е љубовта 2022 Љуба Радојевиќ

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Andreana Čekić“. 19. 2. 2019. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)