Алаџа-имарет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алаџа-имарет
Основни податоци
МестоГрција Солун, Егејска Македонија
Припадностислам
ЕпархијаСолун
МитрополијаСолун
ПодрачјеМакедонија
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилосманлиска архитектура
Завршен1484 или 1487
Особености
Минариња1, денеска разрушено
Материјаликамен и тула

Алаџа-имарет или џамија „Исак-паша“ (грчки: Αλατζά Ιμαρέτ, турски: Alaca İmaret) — поранешен муслимански храм кој се наоѓа во Солун, Егејска Македонија[1]. Објектот се наоѓа на улицата Касандар, североисточно од црквата „Св. Димитрија“.

На влезот има натпис кој укажува дека Аладџ имарет бил изграден во 1484 година од Исак-паша, кој бил голем везир на Мехмед II и управител на Солун во времето на Бајазит II. Името Алаџа имарет, во превод значи шарен имарет и доаѓа од обоените камења со ромбоидна форма, кои го украсувале минарето на џамијата.

Од минарето е преживеана само основата. Денес Аладџ имарет се користи за изложби.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Sultan of Vezirs: The Life and Times of the Ottoman Grand Vezir Mahmud Pasha Angelović (1453-1474), Théoharis Stavrides, pagge 413, 2001

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Слики од објектот. [1]