Акона (пустина)

Координати: 43°11′44.19″N 11°34′22.43″E / 43.1956083° СГШ; 11.5728972° ИГД / 43.1956083; 11.5728972
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пејзажот во Акона.

Акона (италијански: Deserto di Accona) — полусува област во Тоскана, Италија, во средиштето на т.н. Крете сенеси, во западниот и јужниот дел на општината Ашано. Во областа се сретнуваат облици кои се локално познати како „бјанкане“ (biancane), што доаѓа од италијанскиот збор „бјанко“, кој означува бело.

Поради годишните врнежи помалку од 600 мм, земјоделството е принудено да ги користи системите за наводнување.

Во пустината се наоѓа средновековниот манастир Монте Оливето Маџоре.

Поврзано[уреди | уреди извор]

43°11′44.19″N 11°34′22.43″E / 43.1956083° СГШ; 11.5728972° ИГД / 43.1956083; 11.5728972