Аквадукт Минден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Локација на градбите на раскрсницата на водени патишта

Аквадуктот Минден (германски: Wasserstraßenkreuz Minden) е аквадукт близу Минден, Северна Рајна-Вестфалија, Германија. Всушност се состои од два паралелни водени моста, кои го преместуват Средногерманскиот Канал над Везер. Постариот од двата моста повеќе не се користи за сообраќај. По Водениот мост Магдебург е најголемиот воден мост во Европа.

Аквадуктот е дел од раскрсницата на водени патишта: Средногерманскиот Канал е поврзан со Везер со два раздвоени канали.

Каналски мостови[уреди]

Стар мост[уреди]

Стариот каналски мост

Првиот каналски мост врз реката Везер бил изграден во 1914. Тој е 370 метри долг и е изграден од бетон. На крајот на Втората светска војна бил уништен од германската армија во 1945. Во 1949, реновираниот мост повторно бил ставен во употреба.

Нов мост[уреди]

Новиот каналски мост гледан од север

Низ годините, бродовите кои се користеле станале поголеми, а каналот веќе не можел да ги прифаќа. Од 1993 започнале работите на новиот мост. Бил изграден од челик и отворен во 1998.

Канал за врска Север[уреди]

Каналот за врска Север на аквадуктот Минден е во западниот дел на каналскиот мост и претставува најкратка врска помеѓу Средногерманскиот Канал и Везер. Долг е 1,2 километри.

Канал за врска Југ[уреди]

Надвор од Schachtschleuse на левиот брег е каналот за врска Југ на десниот брег на Везер со две брани, претставувајќи врска помеѓу Средногерманскиот Канал и Везер. Помеѓу двете брани е индустриското пристаниште Минден.

Мадворешни врски[уреди]