Аеробик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Час по аеробик.
Во оваа статија се работи за овој вид на вежба. За темата физиологија на оваа вежба, видете Аеробни вежби.

Аеробик е вид на физичка вежба која комбинира ритмички аеробни вежби преку растегнување и тренинг за сила, со цел да се подобри целокупното здравје (флексибилноста, мускулатурата и кардио-васклуларното здравје). Најчесто се вежба со музика и во групи предводени од инструктор, но, исто така, може да се вежба сам и без музика. Учесниците изведуваат различни рутини, вклучувајќи различни вежби што наликуваат на играње, со цел за да се спречат болести и да се подобри физичката спремност. Обичните часови по аеробик се поделени во различни нивоа на интензитет и комплексност. Часовите по аеробик им даваат можност на учесниците да го изберат нивното ниво на вежбање, во зависност од нивната способност. Многу фитнес центри нудат различни часови по аеробик од кои учесниците можат да одберат. Секој час е наменет за одредено ниво на искуство и се држи од страна на инструктор со сертификат кој специјализира во областа од конкретниот час.

Историја[уреди]

Терминот и специфичниот метод на вежбање се воведени од страна на Д-р Кенет Купер — физиолог и Полк. Полин Потс — физиотерапевт, двацата од воздухопловството на САД. Д-р Купер, познат промотор на вежбањето, бил лично и професионално зачуден зошто некои луѓе со одлична мускулна сила се склони на слабо извршување на задачи, како што е трчањето на долги патеки, пливање и возење на велосипед. Тој почнал систематски да ја мери работата на човекот употребувајќи статичен велосипед и почнал да ја мери одржливата способност во однос на можноста на човекот да троши кислород. Неговата револуционерна книга, Аеробик, била објавена во 1968 година, а содржела научни програми за вежбање, со помош на трчање, пешачење, пливање и возење велосипед. Книгата била објавена во погоден историски момент, кога се зголемила слабоста и неактивноста кај општата популација и се јавила потреба за вежбање. Таа станала бестселер. Податоците на Купер обезбедиле научна основа за скоро сите современи аеробик програми, повеќето од кои се засновани врз еквивалентноста на трошење на кислород.[1]

Аеробик гимнастика[уреди]

Аеробик гимнастиката, позната и како спортски аеробик и натпреварувачки аеробик, е вид на натпреварувачки аеробик кој вклучува кореографија, ритмика и гимнастички акробации со елементи на аеробик.[2] Вежбањето е поделено во категории според возраст, пол и групи (индивидуални, мешани парови и тројка) и се оценува според следниве елементи: динамична и статична сила, скокови и прескокнувања, удирање, рамнотежа и еластичност. Десет вежби се задолжителни: четири постојани високи удари со нога. Најмногу десет елементи од следниве типови се дозволени: склекови, потпирање и рамнотежа, удари и шпаги, скокови и прескокнувања. Елементи со превртување, како што се стој на раце, премет, салто на назад, а високи салта се забранети. Бодирањето е преку оценување на уметничкиот квалитет, креативност, извршување и тешкотијата на рутините. Има државни, национални и меѓународни натпревари по спортскиот аеробик, но не е Олимписки спорт. Аеробикот е потребен за да се зацврснат мускулите и да помогне кај вежбите со дишење.


Види исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Cooper, Kenneth H. Aerobics. Bantam Publishing, 1968.
  2. «The Aerobic Gymnastics». FIG — Fédération Internationale de Gymnastique. Retrieved on 2008-07-04.