Адријана Лима

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Adriana Lima by David Shankbone.jpg

Адријана Франческа Лима (португалски: Adriana Francesca Lima) — светски познат фотомодел од Бразил. Таа е заштитно лице на компанијата за шминки „Maybeline“ од Њујорк и компанијата за долна облека „Victoria's secret“.

Биографија[уреди]

Адријана Лима е родена на 12 јуни 1981 година во Салвадор, во провинцијата Баија во Бразил. Таа е единствена ќерка на Нелсон Торес и Марија Грасе Лима. Во едно интервју за „Fashion TV“ има изјавено дека има африкански, индијски и швајцарски корени, но во нејзината „Maybeline“ биографија стои дека нејзините корени се француски, португалски, американски и карибски. Кога имала само шест месеци нејзиниот татко ги напуштил неа и нејзината мајка. Долго била дистанцирана од нејзиниот татко, но подоцна се зближила со него затоа што премногу и недостигал.

Кариерата во модната индустрија[уреди]

Адријана својата кариера ја започнала кога имала само 15 години, кога победила на бразилскиот избор на модната агенција “Ford”. Во 1996 година се натпреварувала на светскиот избор на “Ford” супермодели и го освоила феноменалното второ место. Три години подоцна Адријана се преселила во Њујорк каде потпиша договор со модната аген-ција “Elite”. Нејзината кариера доживеа вртоглав скок и наскоро Адријана се најде на насловните страници на магази-ните како “Vogue” и “Marie Claire”. На ревиите има носено модели на познати креатори како што се Vera Wang, Giorgio Armani, Valentino и други. Во 2000 година ја рекламира обле-ката на марката“Guess?”, а се најде и во книгата “A second decade of Guess? Images”(Втора декада од сликите на Guess?).

Во 2001 година се појави кратко во BMW филмот “The Follow” заедно со глумците Мики Рурк, Клајв Овен и Форест Виаткер. Почна интензивно да ја гради својата кариера потпи-шувајќи договори со козметичката куќа “Maybeline” и модни-те марки “bebe”, “Mossimo”, “BCBG” и појавувајќи се на насловните страници на угледните магазини како “Harper’s Bazaar”, “ELLE”, “Vogue”, “GQ”. Бројот на магазинот “GQ” кој излезе во април 2006, а на чија насловна страна се наоѓаше Адријана Лима, беше најпродаваниот број на списание за таа година. Истотака, во 2005 се сликаше за познатиот “Pirelli” календар, а во Италија почна да рекламира мобилни телефони на компанијата “Telecom Italia Mobile”, каде што ја нарекоа Кетрин Зита-Џонс на Италија.

Адријана веројатно е најпозната по нејзината работа за “Victoria’s secret”. Прв пат на “Victoria’s secret” модно шоу се појавува во 1999. Нејзиното најпознато “Victoria’s secret” е тоа во 2003 година, кога таа го отвори. Се има појавено и во неколку ТВ реклами за спомнатата модна куќа, а најпозната е онаа која ја изработи заедно со музичката ѕвезда Боб Дилан во Венеција. Моментално во “Victoria’s secret” колекцијата е позната како “ангел” и е главниот рекламер на овој бренд.

Исто така е заштитно лице на козметичкиот гигант “Maybeline” од Њујорк. Во 2007 година таа е четвртата најплатена манекенка во светот по Кејт Мос, Хајди Клум и Жизел Бундхен, а се вбројува и во најубавите жени на светот. Адријана учествува и во хуманитарната акција “Caminos da Luz”(Патот на светлината) во нејзиниот роден град, каде што потпомага во изградбата на куќи за сиромашните и купува облека за сиромашните деца.

Приватен живот[уреди]

Адријана Лима течно говори три јазика – португалски, англиски и шпански. Во слободно време сака да ги чита романите на нејзиниот омилен писател Габриел Гарсија Маркез. Има речено дека додека била млада се срамела да биде во друштво на момчиња и дека се нема бакнато сè до 17 години. Во интервју за „GQ“ во април 2006 година изјави дека е сѐ уште девица. Нејзина најдобра другарка е Алесандра Амбросио. Тогаш магазинот „GQ“ ја прогласи за „најпопуларна девица во светот“. На 12 јуни, 2008 година,српскиот професионален кошаркар Марко Јариќ jа запроси Андријана на нејзиниот 27 роденден. Двојката се венча во долината Џексон, во Вајоминг, САД, за Денот на вљубените, во 2009 година. Во недела, на 15 ноември, 2009 година, во градот Њујорк, Јариќ и Лима му посакаа добродојде на нивното прво дете, ќерка по име Валентина Лима Јариќ.