Адата (речен остров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адата
Поглед на Адата
Карта
Географија
МестоВардар
Координати41°11′21.2″N 22°32′07.5″E / 41.189222° СГШ; 22.535417° ИГД / 41.189222; 22.535417
Должина420 м
Ширина130 м
Управување
Општина Богданци
МестоЃавато
Демографија
Население0 (2021)


Адатаречен остров во Вардар кај селото Ѓавато, во југоисточниот дел на Македонија.

Опис[уреди | уреди извор]

Островот е долг околу 420 м, широк околу 130 м и се протега во правец североисток-југозапад. Највисоката височина на островот изнесува 3 м, така што голем дел од островот се поплавува при висок водостој на Вардар. Составен е од ситен речен песок и во голема мера е оголен, а во западниот дел се среќава тревна и грмушеста вегетација. Посетуван е од рибари и капачи главно во летниот период.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Група автори (2016). „Речни острови“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 160. ISBN 978-9989-110-90-0.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]