Агата Чабатони

Од Википедија — слободната енциклопедија

Агата Чабатони е италијанска математичка логичарка, специјализирана за некласична логика. Работи во Институтот за логика и пресметка во ТУ Виена.[1]

Образование и кариера[уреди | уреди извор]

Чабатони е по потекло од Рипатрансоне. Студирала компјутерски науки на Болоњскиот универзитет[1] и докторирала во 2000 година, на Миланскиот универзитет. Нејзината дисертација, Доказ-теорија во мулти-вредносни логики, била надгледувана од Даниеле Мундичи.[2]

Таа се преселила во Виена во 2000 година, со поддршка на стипендијата на ЕУ Марија Кири, а во 2007 година ја заслужила својата хабилитација во ТУ Виена.[1] Останува поврзана со ТУ Виена, како професор на факултетот за информатика.[3] Исто така, работи на Колегиум Логикум како претседавач на серијата предавања за Курт Гедел друштвото.[4]

Придонеси[уреди | уреди извор]

Еден од проектите на Чабатони на ТУ Виена вклучувал користење на математичката логика за формализирање на етичкото расудување во Ведите, тело на индиски свети текстови.[5]

Признанија[уреди | уреди извор]

Во 2011 година, Чабатони ја освоила Старт-наградата на Австрискиот научен фонд, единствена жена што ја освоила наградата таа година.[1][6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Eine logische Klasse für sich“, Der Standard, June 28, 2011
  2. Агата Чабатони at the Mathematics Genealogy Project
  3. Theory and Logic Group Staff, Faculty of Informatics, TU Wien, Посетено на 2018-12-10
  4. Organization, Kurt Gödel Society, Посетено на 2018-12-10
  5. Indian Sacred Texts and the Logic of Computer Ethics, TU Wien, January 29, 2018, Посетено на 2018-12-10
  6. START-Preis 2011 für Agata Ciabattoni, =TU Wien, Посетено на 2018-12-10

Надворешни врски[уреди | уреди извор]