Абамеле

Од Википедија — слободната енциклопедија

Абамеле (исто така познат како абату, или абацу на сардински[1]) е производ врз база на мед од руралната култура на Сардинија (Италија).

Според традиционалните методи на подготовка, се дроби саќе, а топчињата од восок, кои содржат од 20 до 30% мед, се собираат во генерички садови. Деновите откако веднаш ќе се наталожи целиот екстракт од мед, останатите делови кои содржат мед и полен се потопуваат во топла вода (~ 50°C). Водата го раствора целиот мед кој се уште е присутен во празнините. Тогаш, сите останати грутки восок и полен се разбиваат со соодветен миксер или пак со рака. Останатиот восок потоа дополнително се притиска за да се исцеди течноста која ќе остане и потоа се чува во соодветни садови. Останатата течност од претходната постапкасе филтрира, на пример со ленена крпа, барем двапати, а потоа се става во соодветен котел кој има голем капацитет (понекогаш направен од бакар) каде се вари и се концентрира преку лушпа.[2] При овој процес на концентрација, се додаваат ситно исечени кори од лимон или портокал и се отстрануваат сите нечистотии од површината на течноста. Содржината во котелот постепено станува сируп и мора со постојано движење за да спречи производот да се залепи на дното и да развие чаден вкус. Течноста, исто така, станува карамелизирана, станува темна како меласа, но многу посложена, со вкус кој има примеси на кафе и карамела. Кога течноста ќе добие конзистентност како на онаа на медот, загревањето се прекинува, а бојлерот се става на затскриено место и се остава да се излади пред да се исцеди абамелата.

Добиената абамела има концентриран вкус на мед и може да се јаде со сирење, на пример солено или чадено сирење рикота, со свежо овошје, па дури и со тестенини или зеленчук.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ditzionariu in Linia de sa limba e de sa cultura sarda, Regione autonoma de Sardigna
  2. „Gourmet Sardinia : Abbamele - Honey & Pollen Reduction“. Архивирано од изворникот на 2012-02-02. Посетено на 2012-01-20.
  3. „Zingerman's | Food by Mail | Gifts & Sundries“. www.zingermans.com. Архивирано од изворникот на 2007-12-13.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Јерковиќ; и др. (2011). „Contribution to the characterisation of honey-based Sardinian product abbamele: Volatile aroma composition, honey marker compounds and antioxidant activity“. Food Chemistry. 124: 401–410. doi:10.1016/j.foodchem.2010.06.047.
  • Spano; и др. (2008). „Chemical characterization of a traditional honey-based Sardinian product: Abbamele“. Food Chemistry. 108: 81–85. doi:10.1016/j.foodchem.2007.10.046.