Џорџ Бокс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Џорџ Едвард Пелхам Бокс (George Edward Pelham Box) (18 oктомври 1919 - 28 март 2013 год.) бил статистичар, кој работел во областа на квалитетна контрола, дизајн на експерименти, анализи на временски низи и Бејсова инференција. Неговото име е поврзано и со некои резултати во статистиката како на пример: Бокс-Џенкинс модели, Бокс-Кокс трансформации, Бокс-Бехнкен дизајни, и други. Тој има објавувано и книги од областа на статистистиката. Ги објавил: Бејсова инференција во статистичка анализа. (1973 год., со Џорџ К. Тиао), анализи на временски низи: Предвидување и контрола (4 издание 2008 год., со Гвилум Џенкинс и Грегори К. Раинсел) и Статистика за експериментатори (2 издание 2005 год.).
Главните области во кој Бокс придонел се: статичко изведување, робустност и стратегија за моделирање; експериментален дизајн и одговорно површинска методологија;анализи на временски низи и предвидување: распоредна фтеорија, трансформација на променливи и нелинеарни процени и статистички апликации. Неговото име е поврзано со многу идеи во статистиката како што се Бокс-Џенкинс пристапот, Бокс-Џенкинс моделите и Бокс-Бехнкен(Behnken) дизајнот. Тој исто така ја претставил важната идеа на “робустност” во статистиката во 1953 год. и дал многу прецизна дефиниција во весник објавен во 1955 г. Тој напишал: „Статистичките критериуми би требало да се чувствителни за да се сменат специфичните фактори кои се испробани, биди несензитивен кон промените, на големина која веројатно ќе се случи во пракса, во ирелевантни фактори, а во неговата книга за одговорна површинска методологија со Норман Р. Драпер напишал дека: “суштински, сите модели се погрешни, но некои се корисни”.

Биографија[уреди]

Бокс е роден во Грејвсенд, Кент, Англија. По запишувањето на универзитет почнал да учи хемија, но пред да заврши бил повикан на служба. Во текот на Втората Светска Војна извршувал експерименти за англиската војска со што изложувал мали животни на отровен гас. За да ги анализира резултатите од неговите експерименти самиот учел статистика од достапна литература. По војната, влегол во Универзитетскиот колеџ во Лондон и добил диплома на ниво математика и статистика. Под надзор на Егор Пирсон (син на славниот статистичар Карл Пирсон) во 1953 од Универзитетот во Лондон добил титула доктор на науки. Од 1948 год. до 1956 год., Бокс како статистичар работел за Империските Хемиски Индустрии (ИХИ). Се додека бил таму, една година зел одсуство од работа и служел како заменик професор во Државниот Универзитет на Северна Каролина (тогашен Универзитет Северна Каролина) во Рајли. Подоцна се префрлил во Универзитетот Принцетон каде служел како Директор на Група за Статистички Истражување. Во 1960 год., Бокс, со цел да направи оддел за статистика, повторно се префрлил, но сега во Универзитетот Винсконсин – Медисон. Во 1980 год. бил назначен за Вилас професор на Истражувања на статистика (највисока чест доделена на секој член на Универзитетот Винсконсин – Медисон, а во 1984 год. заедно со Бил Хантер го основале Центарот за подобрување на квалитетот и продуктивноста на истиот Универзитет. Бокс официјално стапил во пензија во 1992, и станал Почесен Професор.
Бокс се оженил со Џоан Фишер, втората од петте ќерки на Роналд Фишер. Во 1978 год. таа, со помош од нејзиниои сопруг, Бокс, објавила Биографија за Роналд Фишер. Во 1985 год. Бокс повторно се оженил, но сега со Клер Квист. Умрел на 28 март 2013 год., на 93 годишна возраст. [1]

Професионално признание: канцеларии и награди[уреди]

Бокс служел како Претседател на Американската асоцијација за Статистика во 1978 год. и на Институтот на Математички статистики во 1979 год. Добитник е на повеќе награди меѓу кои и: Shewhart медалот од Американската асоцијација за Статистика кој се доделува за „извонредно техничко лидерство во областа на модерната контрола на квалитетот, особено преку развојот на својата теорија, принципи и техники“, во 1968; Wilks меморијалната награда од Американската Асоцијација за Статистика во 1972; Р. А. Фишер Лектурство во 1974, и Гајов медал во злато од Кралското статистичко друштво во 1993. Тој бил избран како член на Американската Академија за Уметности и Науки во 1974, и како соработник на Кралското друштво во 1979 год.

Бокс–Коксов распоред[уреди]

Во статистиката Бокс–Коксов распоред[2] е статистички распоред на случајната променлива Х за која Бокс – Кокс трансформацијата следи намалена нормалниот распоред. Тоа е континуирана веројатност која има функција за можно згуснување зададена од:


f(y) = \frac{1}{\left(1-I(f<0)-\sgn(f)\Phi(0,m,\sqrt{s})\right)\sqrt{2 \pi s^2}} \exp\left\{-\frac{1}{2s^2}\left(\frac{y^f}{f} - m\right)^2\right\}


За y>0, каде:

  • m e параметарот на местоположбата на распоредот,
  • ѕ е дисперзијата
  • ƒ е семејниот параметар
  • I е индикатор на функцијата
  • Φ е функција за кумулативен распоред на стандардниот нормален распоред
  • sgn е функција знак
Посебни случаи: ƒ=1 дава намален нормален распоред

Бокс–Мулерова трансформација[уреди]

Бокс – Мулер трансформација[3] (Бокс и Мервин Едгар Мулер 1959 год.) е метод на псевдо – случаен број за генерирање парови на независни стандардно нормални распоредени (единечна варијанса) случајни броеви, на кој им е даден извор на еднакво рапоредени случајни броеви.

Јунг-Боксова проба[уреди]

Јунг–Боксова проба[4] ( по името на Грета М. Јунг и Џорџ Е. П. Бокс) е еден вид на статистичка проба за тоа дали некои групи од авто корелации од временски низи се различни од нула. Наместо да се испробува случајноста на секое посебно заостанување, ја испробува целокупната случајност која се базира на поголем број заостанувања, и тоа е портомонска проба. Оваа проба е широко применуван во економетријата и други примени од анализите на временски низи.

Одговорно површинска методологија (ОПМ)[уреди]

Во статистиката, одговорно површинската методологија(ОПМ)[5] ги истражува односите помеѓу неколку објаснувани променливи и една или повеќе променливи кои одговараат. Методот беше претставен од Бокс и К. Б. Вилсон во 1951. Главната идеа на ОПМ е да се користи секвенца на дизајнирани експерименти за да се добие оптимален одговор. Бокс и Вилсон за да се направи ова предложиле да се користи полиномен модел од втор степен. Тие признаваат дека овој модел е само приближен, но го користат затоа што овој модел е лесен да се процени и да се применува, иако малку се знае за процесот.

Централно композитен дизајн[уреди]

Во статистиката, централно композитен дизајн[6] е ескпериментален дизајн, корисен во одговорно површинска методологија, за градење на втор ред (квадратен) модел за променливата што одговара, без потреба да се користи комплетен факториел експеримент од трето ниво. Откако дизајнираниот експеримент е извршен, се користи линеарна регресија, понекогаш итеративно, за да се добијат резултати. Кодираните променливи почесто се користат кога се гради овој дизајн.

Наводи[уреди]

  1. http://en.wikipedia.org/wiki/George_E._P._Box
  2. http://en.wikipedia.org/wiki/Box%E2%80%93Cox_distribution
  3. http://en.wikipedia.org/wiki/Box%E2%80%93Muller_transform
  4. http://en.wikipedia.org/wiki/Ljung%E2%80%93Box_test
  5. http://en.wikipedia.org/wiki/Response_surface_methodology
  6. http://en.wikipedia.org/wiki/Central_composite_design


Шаблон:Guy Medal