Џовани Батиста Ходиерна
Од Википедија, слободната енциклопедија
Џовани Батиста Ходиерна или Одиерна (итал. Giovanni Battista Hodierna или Odierna, Рагуза, 13 април 1597 - Палма ди Монтекјаро, 6 август 1660) бил италијански астроном кој работел на дворот на Војводата од Монтекјаро. Составил каталог со околу 40 записи, вклучувајќи 19 вистински и потврдливи магливи објекти што би можеле да се помешаат со комети. Ова дело датира пред славниот Месијеов каталог, но немало некое влијание. Месије најверојатно не бил запознаен со него.[1]
Ходиерна е роден во Рагуза (Сицилија), а починал во Палма ди Монтекјаро, исто така во Сицилија.
[уреди] Наводи
- ↑ Birthday of a star cluster, Astronomy Now, јануари 2011, стр. 20.
[уреди] Поврзано
[уреди] Надворешни врски
- Џовани Батиста Ходиерна - SEDS (англиски)
- Придонесот на Ходиерна за астрономијата - SEDS (англиски)